Мерцедес SLR MSO МcLaren Edition чини 10 милиони евра

387

Цената од 10 и повеќе милиони евра за класичен спортски автомобил не е реткост, но, продавачот на луксузните автомобили од Бишофсвајзен во Германија сака толкав износ на пари за еден модерен автомобил. 

%d0%bc%d0%b5%d1%80%d1%86%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d1%81-slr-mso-%d0%bcclaren-edition

Се работи за Мерцедес SLR MSO МcLaren Edition од 2007 година, кој чини 9.999.999 евра. Тоа е многу редок автомобил бидејќи е еден од само 25 примероци кои ги тунираше MSO секторот на Мек Ларен, по завршувањето на производството на SLR.

Производството на наведениот модел е завршено во 2009 година, а Мек Ларен сепак виде простор за подобрување. MSO секторот зема 25 автомобили, го подобри управувањето и каросеријата, израбори нов body kit кој го вклучува предниот браник со поголеми всисувачи на воздух, заден дифузер со по агресивен изглед и слично. Внатрешноста исто така е врвно опремена.

gtspirit-slredition20

Автомобилот го покренува 5,4 литарски V8 мотор со супер полнач, кој испорачува 641 KS. SLR до сега го имаше само еден сопственик, а е офарбан во Антимон сива боја. Поминал 15.800 километри. Нема сомнеж дека SLR кој е туниран во MSO секторот е исклучително ретка ѕверка, но 10 милиони евра се чини е премногу, посебно бидејќи дури и Мек Ларен P1 е поефтин и има подобри перформанси. Тој кој ќе го купи овој автомобил навистина мора да е вистински вљубеник. Треба да се напомен дека стандардните модели чинат 400.000 евра и помалку.

За жал на интернет е објавена само една фотографија на автомобилот за кој станува збор.

loading...