Меѓународна недела на сестринството | Кога Бог се одлучи да создаде медицинска сестра

8656

Кога Бог се одлучи да создаде медицинска сестра, мораше уште првиот ден да работи прекувремено.

Го посети ангелот и го праша: “Господе, зошто овој модел толку долго го моделираш?”

– “Зарем не го прочита списокот на посебните барања” – одговори Бог.

– “Мора да има и машки и женски карактеристики, мора да се дезинфицира, мора да има нерви од челик, широки плеќи на кој може сѐ да се одложи. Покрај тоа мора да биде мала, ситна и да не зазема премногу простор во претесните службени простории. Мора да знае одеднаш да изврши пет барања и при тоа да има уште некоја слободна рака.”

Ангелот одмавна со главата и одговори: “Толку многу раце? Тоа нема да може.”

Бог воздивна и рече: “Најмногу тешкотија имам со очите. Идеалниот модел би требало да има барем три пара – со едниот пар би можел да гледа низ ѕидовите за да може во ноќната смена да згрижи што е можно повеќе пациенти, вториот пар мора да ги има на задниот дел од главата за да види она што другите сакаат да го сокријат, и се разбира, третиот пар со кој на пациентот без многу зборови ќе му каже “Не грижете се, јас сум тука за вас.”

Ангелот го повлече Господ за ракавот и му рече: “Господе, одете малку да се одморите, утре ќе продолжите со работа.”

Бог му одговори: “Сега не можам да заминам, ми успеа да направам модел кој речиси никогаш нема да се разболи, и да се разболи, самиот ќе се излечи. Ќе разбере дека на 20 болнички кревети има 30 пациенти и дека на 20 работни места има 5 луѓе. Ја сака работата која многу бара, а слабо е платена и не му се потребни многу слободни саботи и недели.”

Ангелот сврте неколку круга околу моделот – “Материјалот е премногу мек” – воздивна.

“Но, издржлив е” – одговори Бог. – “Не можеш ни да замислиш што сѐ поднесува.”

Ангелот го допре лицето на моделот – “Тука има грешка, нешто не е во ред.”

Бог објасни – “Тоа не е грешка, тоа е солза. Тече од жал, поради осаменоста, а понекогаш и поради радост. Солзите се потребен вентил …. “

Така беше вечер, па утро, ден …

loading...