МИА Најави – Македонија

886

Баку – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја продолжува работната посета на Република Азербејџан.

Скопје – Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска ќе презентира податоци од Годишниот извештај за Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2016 година. (Клуб на пратеници/11:00) 

Валандово –  Евроамбасадорот Самуел Жбогар на средба со градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски за Проектот финансиран од ЕУ за квалитет на животот како предуслов за напредок  и одржлив развој во пограничниот регион, во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“.

loading...

Скопје – Завршна конференција на тема „ЕУ шема за млади професионалци во Западен Балкан“. (ЕУ Инфо центар/9:30)

Скопје – Прес-конференција на  директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски за завршувањето на откупот на тутун. (Простории на инспекторатот, зграда на МРТВ,13 кат/10:00)

Скопје  – Стопанската комора на Македонија организира тркалезна маса на тема „Сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати – можности и алтернативи“. (Стопанска комора на Македонија/12:00)

Скопје – Раководителот на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Алексовска, и градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, во посета на Друштвото за графички услуги ПРОСОЛУШН Дооел Скопје,  чијшто работодавач е корисник на активните програми и мерки за вработување. (ПРОСОЛУШН“ ДООЕЛ Скопје, Горно Лисиче 2774/1/11:00)  

Скопје – Работилница на тема „Генерирање на идеи и бизнис модели“ во организација на Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) и Сеавус инкубатор,  во соработка со Млади инфо. (СЕДЦ Бизнис Симулатор/16:40)

Скопје – Институтот за човекови права ќе промовира квартален извештај од мониторингот врз работата на Судскиот совет на Република Македонија и ќе презентира проект „Зголемен јавен надзор врз работата на Судскиот совет на РМ“. (х.„Холидеј ин“/12:00, изјави за медиуми/11:45-12:00)

Скопје – Едукативна работилница на новинари „Дијабетисот и јавното информирање“ во организација на Здружението за заштита и едукација на дијабетичари БУВ, а во соработка со Сојузот на дијабетичари на Македонија. (Клуб на новинари/12:00)

Скопје –  Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски ќе изврши увид во градежните работи за реконструкција на паркот „Жена борец“. (11:00)

Скопје – Прес-конференција на која ќе биде претставен новооткриениот ракопис во археографската збирка во НУБ „Св.Климент Охридски“. (Центар за конференции и студии при НУБ „Св.Климент Охридски“/12:00)

Скопје – Промоција на петтото и шестото аудио издание „Незаборав“ на НУ Ансамбл „Танец“. (НУ Музеј на македонската борба за државност и самостојност/12:00)

Скопје – Промоција на книгата „Светлинска“ од Кристина Николовска. (Салон 19,19/19:19)

Скопје – Симфониски концерт под наслов „Чајковски:смеа и тага“ со Македонската филхармонија и виолончелистот Иштван Вардаи. (Дом на АРМ/20:00)

16 март 2017
___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
loading...