МИЗОГИНИЈА И СЕКСИЗАМ НА ПРОГРАМИТЕ НА ТРИ РАДИО СТАНИЦИ

951

Деновиве се емитуваат спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“.

Агенцијата констатираше дека кампањата претставува дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Трите радиодифузери кои ја продуцирале оваа кампања, се однесуваат на начин кој е непоимлив и целосно неспојлив со професионално однесување.

Имено, во кампањата, еманципацијата на жените и на мажите се поставуваат како два процеси кои меѓусебно се исклучуваат, еманципацијата и стремежот на жените да го достигнат максимумот во своите кариери се претставува како негативна појава, успешните жени се подложуваат на потсмев и омраза, а на децата и младите од обата пола им се испраќа порака дека не се еднакви и дека не треба да се стремат кон еднаквост.

До трите радија се упатени известувања за констатираното прекршување на Законот, Извештајот од надзорот е достапен на веб страницата на Агенцијата (линк до извештајот), а ќе биде испратен и до Комисијата за заштита од дискриминација.

МИЗОГИНИЈА И СЕКСИЗАМ НА ПРОГРАМИТЕ НА ТРИ РАДИО СТАНИЦИ

loading...