Милица Паулус, писателка и поетеса

805

Милица Паулус е писателка и поетеса, организаторка на литературни манифестации и поетски читања,член и претседател е на жирито кај наградни читања, промоторка, рецензентка, литературна критичарка и уредник на антологии .

Таа пишува и на македонски и на германски јазик. Живее веќе 26 години во Германија, а неколкупати во годината доаѓа во Македонија, каде што ги одржува нејзините литературни манифестации. Таа е позната и како литературна мисионерка и двигател на литературното движење во Македонија. Милица Паулус го афирмира македонскиот јазик во Германија. Таа има создадено три македонски литературни групи и две интернационални на социјалната мрежа „Фејсбук“, кои работат многу активно и со голем успех. Нејзиниот творечки пат не е ограничен за било кој вид на литературни дела, за било која возраст и на било кој јазик, ама секогаш во прв ред е македонскиот.

Г- ѓо Паулус, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавивте дека вашите детски книги се најчитани на еден популарен портал за литература за деца и младинци во Германија. Кажете ни за кој портал се работи и за кои дела?

loading...

– Да, вистина е тоа! Веќе по вторпат, лани и оваа година, три од моите книги за деца и младина напишани на германски јазик беа најчитани во големиот и познат портал за книги „LOVE BOOKS“. Со мојата објава на „Фејсбук“ сакам да ги мотивирам младите читатели и нивните родители за повеќе читање и поголема љубов кон книгата. Се работи за мои три дела: „ROXANA“ „KÖNIGSTOCHTERS TRÄNE“ и „DAS UNHEIMLICHE SCHLOSS SAMIRA“ една бајка , една книга за помалите и еден роман за младина.

%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%83%d0%bb%d1%83%d1%812

Што е потребно за еден писател да стане популарен меѓу најмладите?

– Најпрво, да не се пишува со помислата за да се стане популарен. Детската душа е толку мека, кревка и нежна, таа чувствува кога е повредена, среќна или пак излажана.Тоа значи, треба да се пишува со голема љубов и да се внимава што и како се пишува. Книгите се еден од најголемите примери и патеки на децата за да зачекорат во нивната иднина.Тие учат од нив и се сожививаат со лочностите и дадените ситуации. Содржината и бројот на страниците на книгите треба да бидат прилагодени спрема возраста на децата.

Освен за најмалдите пишувате и за возрасни. Кажете ни колку книги досега имате напишано?

– Најискрено, престанав веќе да ги бројам. Многу книги! На германски јазик најмалку осум романи за возрасни, за деца и младина околу седум книги, а учествував во најмалку осум антологии. На македонски јазик три книги со поезија, едно научно дело заедно со професорот Лозаноски, учествував во 25 антологии за деца и возрасни од кои на 15 бев јас самата уредник. Зедов учество и во антологии издадени во Бугарија и Србија на бугарски и српски јазик и во моментов пишувам роман за возрасни на македонски јазик.Еве ќе спомнам барем три книги на македонски јазик : „ПАРЧЕ ЉУБОВ„ „ ДУШАТА ЗБОРУВА“ која ми е многу сакана книга бидејќи дизајнот на корицата е од нашиот познат ликовен уметник Васко Ташковски и „ЖИВОТОТ Е ПОЕЗИЈА“ за која ја добив првата награда „ПОЕТСКА ГРАВИТАЦИЈА“

Кажете ни нешто за процесот кога пишувате поезија и проза?

– Поезијата не се пишува секогаш.Таа мора да биде инспирирана од големи чувства. Се отвора вентилот на душата која знае многу да прими, ама кога ќе се преполни мора и да се отпразни. Животот пишува поезија. Се што се случува со нас и околу нас, се што не не прави среќни, тажни ,силни и слаби! Убавината на поезијата е самата искреност, а убавиот пишан збор е украсен со тежина на минатото, сегашноста и иднината, како и вистината, желбата и љубовта! Прозата, односно содржината на книгата може да се планира. Значи, може ама не мора да имам инспирација за пишување.Тука можам да си играм со мојата фантазија или пак, тоа што би сакала јас да читам им го пренесувам и на читателети преку моите прозни книги.Се разбира дека внимавам да биде темата интересна и разноврсна во секоја книга. Личностите и одвивањето на нештата што се случуваат, може да бидат вистински или пак измислени.Не мора да влијае надворешноста за да се напише едно прозно дело. Значи уште пред да почнам да пишувам ги ставам столбовите на книгата, темата, личностите, уводот, содржината и крајот.

3%d0%bc%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%83%d0%bb%d1%83%d1%81

Вие организирате и поетски манифестации во Македонија. Дали сте задоволни од одзивот на поети на вашите манифестации?

– Веќе неколку години по ред организирам поетски читања и поетски манифестаци низ цела Македонија со цел да мотивирам за читање и пишување, а со желба да се негува и афирмира македонскиот јазик. Одзивот на поети и писатели е многу голем, како кај возрасните така и кај децата и младината.

Дали и во Германија организирате манифестации или некакви средби со германските поети и писатели?

– Пред неколку години само неколку поетски читања. Во Германија не организирам литературни манифестации, а присутна сум насекаде каде што ќе ме поканат, како и на на меѓународниот саем на книгата во Франкфурт или пак на познатиот саем на книгата во Лајпциг. На саемот на книгата се претставуваат и неколку од моите дела и понекогаш имам прилика да прочитам нешто. Има многу голем интерес. Посетата е богата и присутни се голем број на љубители на книгата од целиот свет.

Можете ли да направите споредба колку се чита во Герамнија, а колку во Македонија?

– Тоа не е воопшто тешко. Во Германија читаат сите и насекаде. Децата се мотивираат уште од мали, родителите им читаат уште пред да ги научат буквите. Читањето на книги е најголемо богатство, а да се подари некому книга е најубавиот подарок.

Дали се дружите со нашите иселеници во Германија?

– Модерниот живот овозможил секој кога сака може да ја посети нашата татковина и да се дружи со своето семејство, другарите и пријателите . Нема дружење на на нашите иселеници во Германија како некогаш! Животот е уште подинамичен и станува се помодерен, така што, се нема доволно време, а и интересот за дружење е многу мал. Дружењето на Македонците сѐ уште постои во Австралија и Америка, бидејќи е подалеку.

И за крај на интервјуто, кажете ни кои се вашите идни планови?

– Да пишувам , да мотивирам за читање и пишување и да го афирмирам македонскиот јазик надвор од Македонија.

Благодарам на агенцијата МИА за укажаниот интерес за мене, моето творештво и моето творечко движење.

За МИА Ирена Радовановиќ

loading...