Мирисот на портокали го освежува домот

365

За домот на почетокот од годината да мириса на свежо и чисто не е неопходно „генерално“ чистење туку етерично масло од портокали.

Целиот стан може да се исчисти со правосмукалка, а претходно во вреќичката од правосмукалката да се стават неколку капки етерично масло од портокал. Мирисот од портокал ќе биде присутен во целиот стан.

Етиричното масло од портокали може да биде и природен освежувач на просторот. Во 180 милилитри дестилирана вода се ставаат 25 капки етерично масло од портокали и лимони и течноста се распрснува низ домот.

loading...

За детските соби треба да се користат поблаги раствори – 450 милилитри дестилирана вода, 12 капки етерични масла од камилица, лаванда и портокал. Детската соба ќе биде исполнета со свежина и смирувачки мирис.

loading...