Мисијата продолжува | Да бидеме хумани и да помогнеме!

3025

Хуманитарен концерт наменет за собирање финансиски средства за лекување на 13-годишниот Гоце Марковски кој неуморно се бори за својот живот.

Гоце е интелигентно и талентирано момче. Тој е, исто така, професионален пливач – шампион во техниката на пеперутка. Покрај тоа, свири пијано и зборува повеќе јазици.

Гоце беше опериран од тумор на мозокот (Glioblastoma Multiforme) во Декември минатата година. Бидејќи лекувањето ќе мора да продолжи, неопходна е дополнителна помош за покривање на сите трошоци за постоперативно лекување во износ од 50.000 евра.

loading...

Имено, освен вкупниот приход од продадените билети, исто така, ќе бидат поставени и донациски кутии каде што посетителите ќе можат да донираат дополнителни средства за Гоце, согласно со своите можности.

Мотото на овој концерт е: “Чакона и пасакаља се како мисла и надеж, студени улици кои водат кон патот на заштитени приказни проткаени од еден клуч кој се вика ЉУБОВ!”

Денарска жиро сметка: ‎‎530500020219122 Охридска банка

Девизна жиро сметка: IBAN МК075 ‎‎3028 0005214009, SWIFT OHRDMK22

Повикување на донациски број:

Телеком: 143-122

Оне.ВИП: 143-487

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...