Мислевте дека карциномот е наследен или сте имале лоша среќа?

2559
Booking.com INT

Новите истражувања покажуваат дека ракот може да се спречи ако обрнете внимание на две работи.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Дури четири од десет случаеви заболени од рак можат да се спречат ако луѓето го сменат својот животен стил и да го намалат внесот на алкохол, да внимаваат на тежината, да се откажат од пушењето и да се заштитат себе си од сонцето, се вели во новото истражување, пишува Гардијан.

Податоците од истражувањето на британскиот Центар за рак (CRUK) покажуваат дека 2.500 случаеви заболени од рак неделно можат да се избегнат и се наведува дека чадот од тутунот е водечкиот фактор во развојот на болеста, која е одговорна за повеќе од 15 проценти од сите болести.

“Кога станува збор за болестите поврзани со пушењето, повеќето од половина паѓа на ракот на белите дробови, но тука се и останатите болести поврзани со консумирање на тутунот, како што се ракот на мочниот меур, хранопроводот и цревата”, вели д- Katrin Brown, автор на студијата.

И додека бројот на пушачи во Велика Британија, секоја година се намалува за околу еден процент, научниците се загрижени за дебелината, постојаното проширување на половината кај поголемиот дел од населението, која е втора најчеста (6,3 отсто) причина за рак кој исто така може да се спречи.

Тимот на научници се надева дека владата ќе научи нешто од успешните мерки за намалување на пушењето, како што се забрана за рекламирање на тутунските производи, посебни даноци и пакувања на цигарите со слики од заболените, особено предлагаат забрана за рекламирање на брза храна пред 21 часот и ги повикуваат производителите да најдат нови рецепти кои содржат помалку соли, шеќери и други состојки кои здебелуваат.

Сепак, научниците предупредуваат дека, исто така, е неопходно да се промени ставот на јавноста за опасностите од дебелината, која веќе се нарекува “ново пушење”.

“Луѓето сѐ почесто дебелината ја прифаќаат како нешто нормално. Но, мора да се постигне поинакво разбирање за она што е нормално и да се препознаат предизвиците со кои се соочуваат”, вели професорот Linda Bauld која спроведе бихевиорално истражување за CRUK.

Последната кампања на CRUK која ја нагласи врската помеѓу дебелината и развојот на ракот, е обвинета дека ги посрамоти луѓето со прекумерна тежина, но професорот Bauld вели дека нивната цел е да се подигне свеста на луѓето за врската помеѓу ракот и дебелината на повеќе од 15 проценти колку што изнесува сега.

Тимот вели дека стапката на преживување на разни видови карциноми се зголемува, но и бројот на новозаболени пациенти е зголемен за дури 7 проценти во последните десет години. Земајќи го в предвид стареењето на населението, се претпоставува дека бројот на пациентите ќе се зголеми за 2 проценти секоја година.

Едно ново истражување објавено во Британскиот весник за рак, се темели на повеќе различни извори, вклучувајќи го и испитувањето спроведено на национално ниво, во регистарот на пациентите со рак и анализата на податоците од претходните студии.
Резултатите покажуваат дека потрошувачката на алкохол, сиромашната исхрана со влакна и инфекциите предизвикани од ХПВ се виновни за 3 проценти од случаите на рак, додека изложеноста на токсични супстанции при работа, како што се азбест и УВ зрачење се одговорни за уште четири проценти од болестите. Загадувањето на воздухот, преработената храна, хранењето на доенчињата по формула, наместо со мајчино млеко и изложеноста на зрачење, се виновни за околу 2 проценти од пациентите.

Добиените податоци ги земале в предвид преклопувањата на различните аспекти на животниот стил и докажаните причини за рак.

“Се работи за тоа дека секој од нас може да направи нешто и да го намали ризикот од болести. Не можеме да кажеме дека некој што не пуши сто проценти е сигурен дека нема да добие рак, ниту дека навистина ќе добие рак ако пуши, бидејќи развојот на болеста зависи од многу различни фактори”, вели Сер Харпал Кумар, претседателот на CRUK.

Што се однесува до разликите во врска со полот, учеството на болести кај мажите кои можеле да се спречат е нешто повисок отколку кај жените, што има врска со факторите на стилот на живот како што е пушењето. Имено, мажите почесто се пушачи. Сепак, другите фактори, како што се дебелината и консумирањето алкохол се одговорни за поголем процент на заболувања кај жените, веројатно затоа што токму тие видови на рак се почести кај женската популација.

Процентот на карциноми поврзани со прекумерна телесна тежина изнесува 6,3 проценти, додека во 2011 година изнесува 5 проценти. Тоа зголемување научниците го припишуваат на зголемувањето на бројот на видови на рак за кои денес се знае дека се поврзани со дебелината. Дебелината сега е поврзана со вкупно 13 различни форми на рак, вклучувајќи го и ракот на дојка, бубрезите, цревата и матката.
Сепак, студијата има некои ограничувања, бидејќи е базирана на основа на лични изјави на испитаниците кои се подложни на грешки, а некои податоци можат да бидат и неколку години стари.

Но Кумар вели дека треба да се придвижиме: “Со многу од штетните форми на однесувања луѓето почнуваат доста рано, а со тоа и со проблемите со кои мора да се соочиме во најкраток можен рок”.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...