Мислите дека сте паметни? Проверете!

798

Луѓето можат да бидат сигурни во својата интелигенција, но ако зборуваат повеќе отколку што слушаат, секогаш се во конфликт и не се препознава нивната работа на работното место. Сепак не се толку паметни.

1. Секогаш се во конфликт со другите
Вкупната интелигенција е збир на онаа емоционална и логична, а една од основните карактеристики на паметните луѓе е дека тие не го губат времето во дискусии, конфликти и вечните битки. Ако секогаш се карате со своите колеги, претпоставените, пријателите и со партнерот, тоа е показател на вашата потреба да се докажете или знак на недостаток на самодоверба. Интелигентните луѓе брзо учат на кои “војни” да ја губат енергијата, како и оние во кои борбата е бесполезна.

2. Никако да успеете во работата
Мислењата во животот се многу субјективни и не се показатели за вистинскиот успех. Од друга страна, резултатите се тие кои дефинитивно тоа го откриваат. Поентата не е во тоа дека треба да бидете директор на компанија за да ја мерите вашата интелигенција, туку да ги завршувате проектите кои ќе ги започнете, да имате јасни цели и стекнувате нови знаења и вештини, објаснуваат психолозите.

3. Повеќе зборувате отколку што слушате
Често се вели дека човекот е создаден со две уши и една уста затоа што треба повеќе да слуша отколку да зборува. Психолозите се согласуваат дека токму умешноста на слушањето е важна карактеристика на паметните луѓе. Тие ги слушаат туѓите идеи, знаењата и критиките, да креираат свое мислење за нив и размислуваат пред да им пристапите. Дрдорењето може да биде повремено однесување, но тоа е лошо ако стане особина.

4. Мислењето на другите
Дали другите бараат совет од вас? Дали ги почитуваат вашите размислувања? Дали сакаат да разговараат со вас за своите проблеми или дилеми? Дали мислат дека сте паметни и способни? Тоа се некои од прашањата кои можат да ви дадат добар увид во тоа колку сте паметни. Иако се вели дека не би требало да се оптоваруваме со размислувањето на другите луѓе, мислењата на блиските треба да бидат земени во предвид.

5. Под постојан притисок
Луѓето кои секогаш се во брзање, со променливо расположение и енергија дефинитивно не се паметни во однос на организацијата. Иако понекогаш тоа зависи од околностите, постојаниот хаос е индикација за недостаток на интелигенција од витално значење, но за среќа и на овој фактор, како и на оние претходните, може да се поработи, тврдат психолозите.

loading...