„Мис Универзум Данска“ ја загуби титулата

918
Booking.com INT

„Мис Универзум Данска“, 24-годишната Кристина Микелсен ја загуби престижната титука поради „врски со криминална организација“, објави лондонски „Дејли Мејл“.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Според весникот, Микелсен ја загубила круната поради истрага за перење пари во Швајцарија, во која е осомничено и нејзиното поранешно момче, 42-годишниот Теодорин Обианг.

Обианг, инаку е актуелен потпретседател на Екваторијална Гвинеја и син на шефот на државата Теодоро Обианг. Во рамки на истрагата е заплената јахта во вредност од околу 100 милиони долари и неколку скапи автомобили, сопственост на Обианг помладиот.

Микелсен, која беше во врска во Теодорин од 2013 година, меѓутоа тврди дека Данскиот комитет на Мис универзум, само го користи скандалот како изговор за да и ја одземе титулата.

Таа ги обвинува членовите на Комитетот дека и ја одзеле титуалата затоа што ги одбила нивните сугестии да ослаби уште осум килограми до светскиот Избор на мис универзум, бидејќи тие сметале дека со нејзините 54 килограми е „премногу дебела“ за учество на ваква манифестација.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...