МИТОВИ БЕЗ ОСНОВА – ДЕЦАТА СЕ ПОЛНИ СО ПРЕДРАСУДИ КОН СПРОТИВНИОТ ПОЛ

421

Родовите стереотипи можат да ја поттикнат злоупотребата, а децата тоа го впиваат од многу рана возраст.

Родовите стереотипи се длабоко вкоренети во децата веќе на возраст од 10 години, тврди една студија во која се предупредува дека таквите уверувања можат да го зголемат ризикот од развој на депресија или самоубиства и насилства кај адолесцентите.

Студијата, објавена во весникот Journal of Adolescent Health спроведена во 15 земји, во која авторите предупредуваат дека е излишно да се бориме против родовите стереотипи кај адолесцентите и повикуваат таквите активности да се фокусираат на помалите деца.

loading...

“Ризиците за здравјето на адолесцентите се утврдени со однесување кое се обликува со сексуални стереотипи, а тие можат да бидат добро вкоренети веќе кај децата од десет или единаесет години”, вели Kristin Mmari, која ја предводеше студијата, во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО) и со американскиот универзитет Johns Hopkins.

Милијарди долари во светот се инвестираат во здравствени програми насочени на адолесцентите, но тогаш тоа беше премногу доцна, вели Mmari.

Студијата опфатила 450 деца од предадолесцентна возраст, кои биле испитани во придружба на еден родител или старател, а била спроведена во Боливија, Белгија, Буркина Фасо, Кина, Демократска Република Конго, Еквадор, Египет, Индија, Кенија, Малави, Нигерија, Шкотска, Јужноафричка Република, САД и Виетнам.

На пример, авторите укажуваат дека родовите стереотипи за пасивност на жената можат да поттикнат злоупотреба.

Таквите стереотипи “се голем ризик за девојчиња кои можат предвреме да го напуштат училиштето, да трпат физичко или сексуално насилство, премногу рано да стапат во брак и предвреме да родат дете, да се заразат со ХИВ или други сексуално преносливи болести”, рече таа.

Студијата понатаму покажува дека момчињата ги охрабруваат да поминуваат повеќе време надвор од дома и без надзор, да го истражат светот. Момчињата се изложени на стереотипите дека треба да бидат физички силни и независни, а тоа може да ги охрабри да бидат насилни и да консумираат дрога.

“Видовме дека децата на многу рана возраст, и тоа како во отворените така и во конзервативните општества брзо ги прифаќаат митовите според кој девојчињата се ранливи, а момчињата силни и независни”, вели Robert Blum, директор на студијата.

“А таквата порака постојано и скоро систематски ја подобрува животната средина – соучениците, наставниците, родителите, старателите, роднините, тренерите и свештениците”, додава Blum.

loading...