Михаил Лабковски | На здрава жена не и е до мажење

16863

Рамнодушни на зборовите на Михаил Лабковски нема: некои целосно ги прифаќаат, а некои со неодобрување негираат.

Но, и за едните и за другите неговите зборови имаат огромна моќ. Тие се базираат на “здрав цинизам” и долгогодишно искуство.

20 цитати на познатиот психолог

1. Здрава личност не сака да се мажи. Првата работа што треба да направите – е да престанете да сакате да се мажите. Со други зборови, ако сакате да се мажите, треба да престанете да размислува за тоа, самата идеја треба да ја направите безвредна.

loading...

2. Залог за среќен семеен живот, брак и секс со само еден партнер, е во едно – во стабилна психа. Без отстапки и компромиси – ова е директен пат до кардиолог или онколог. Кога човек има стабилна психа, тој може да живее само со еден партнер цел живот. И да го сака.

3. Луѓето не се сакаат поради тоа, што некој некому се поклонува. Жената за мажот е само празен простор, ако тој не може да каже за неа, која е таа, што е таа и што таа сака за појадок. Парадоксот е во тоа да кучкастите жени мажите ги обожуваат.

4. Причината за проблемите на жените не е во фактот што таа се однесува како коза. Причината е во тоа што таа има нервоза, која бара излез. А за тој излез потребен и одреден маж и врска во која таа би можела да пати. Затоа намерно влегува во такви односи, бидејќи од детството има психолошка потреба за тоа.

5. Ние ја мериме љубовта со нивото на страдање. Во здрава љубов – зборот е за тоа колку сте среќни.

6. Кога стјуардесата на летот ги покажува средствата за спасување, што вели за маската за кислород? “Ако патувате со деца, прво себе ставете си маска, а потоа на детето.” Во тоа е трикот. Секој се обидува да му помогне на детето, и остануваат апсолутно неурамнотежени. Така тоа не се работи. Ако сакате на вашето дете да му биде добро, прво направете нешто со својата глава.

7. Мажите се така организирани уште од времето со својата мајка, приоѓаат само на оние кои со очите им даваат одобрување. Здравиот маж е како дете. Приоѓа кога жената му се насмевнува, гледајќи го во очи …

8. Здравите луѓе секогаш избираат во корист на самите себе, а невротичните – во однос на штета на себе, тоа е главната разлика.

9. Во една врска жената никогаш не треба да толерира она што не ѝ се допаѓа. Веднаш треба да зборува за тоа, а ако мажот не се менува, треба да се разведе од него.

10. Мажите се како деца, им се допаѓа кога жената има карактер.

11. Ако човек на некој друг човек му го заменува целиот свет, тоа значи дека свој свет тој едноставно нема.

12. Осаменост – тоа не е недостатокот на љубов наоколу. Тоа е недостаток на интерес за себе, при тоа уште од детството.

13. На сметка на барање партнер ќе кажам, а кого тоа бараш? Единствен квалитет кој може да биде кај твојот партнер – тоа е тоа, тој де те фати. Сѐ друго воопшто не е важно. Ако го сакаш, се грижиш за него, тогаш не постои “јадица”.

14. Што треба да се направи за да се стапи во брак? Треба да се направи само една работа – да се биде само свој. Тоа е доволно. И да се сака во принцип, само заради тоа.

15. Дали знаете која е принципиелната разлика меѓу здрава личност и невротична личност? Здравите луѓе страдаат, но заради вистински приказни. Невротичните страдаат поради фиктивни приказни. А ако страдањата не се доволни, мора уште да ги зголемат со своите сакани Кафка, Достоевски и со шише.

16. Ако не ви се допаѓа како се однесува мажот, не треба да барате изговори за неговото однесување. Ситуацијата во која “не повикал” за здрава девојка значи крај на врската, за нездрава – почетокот на љубовта.

17. Како што кажал писателот Кристофер Бакли (автор на романот Thank you for smoking, постои уште и тој филм), не треба да се јаде во ресторан со име “Како кај мама” и да се оди во кревет со жена која има повеќе проблеми од тебе.

18. Скромноста никого не украсува. Заради искомплексираноста, несигурноста и ниската самодоверба девојката живее без секс и односи, а не поради тоа што е лоша, туку поради лошите односи кон себе. Задачата на психолозите е да ја спаси од тоа.

19. Семејна терапија тоа е развод. Само еден вид семејна терапија сметам дека навистина е корисна – медијација на психолог при развод. Но, токму тоа во Русија не се практикува.

20. Единственото време во животот на еден човек, кога тој објективно е зависен и кога може да се смета за заложник – е детството и зависноста од родителите. Тоа трае релативно кратко време. Во сите други случаи, останување во секој друг однос е избор на возрасен човек.

Преведен од текст: econet.ru

loading...