Модерна куќа со „зелен“ покрив

367

На падините над популарната плажа Авалон во близината на Сиднеј е изградена необична куќа кој претставува доказ дека одржливиот дизјан не мора секогаш да се базира на врвна современа технологија, туку и на еколошкиот пристап.

Куќата, која и самата е наречена „Авалон“, нуди модуларност, модерен комфор, свеж дизајн и голем број еколошни предности. Таа е изградена од ресурси од околните шуми, надополнети со метални панели, кои ја штитат градбата од ударот на силните океански ветрови.

loading...

Сепак она што најмногу привлекува внимание кај куќата е нејзиниот „зелен“ покрив, кој е осмислен како вистинска градина исполнета со трева, нискостеблести растенија и дрва.

Покрај естетската, ваквиот покрив има и функција на регулатор на температурата во внатрешноста на куќата и го спречува одлевањето на дождовницата. Куќата е со вкупна површина од 105 метри квадартни и ги содржи сите простории неопходни за еден практичен и модерен дом.

Дневниот престој, трпезаријата и кујната градат единствена отворена целина, но со употреба на различна палета на бои е обезбедено „разграничување“ меѓу деловите.

Куќата има две спални соби во кои доминира минималистичкиот стил, а бањата се карактеризира со голем прозорец преку кои може да се ужива во погледот кон океанската шир додека се лежи во кадата.

Целината на овој необичен дом ја заокружува дрвената тераса, која е замислена како простор за одмор и уживање со поглед кон Океанот.

Со својот изглед и организација на просторот куќата „Авалон“ преставува идеална мешавина на модерниот со еколошкиот дизајн, креирана на наједноставен можен начин.

loading...