Може ли анестезијата да предизвика проблеми со меморијата?

70
Booking.com INT

Промените во меморијата кои се откриени биле мали и незабелижливи кај лицата кај кои се појавиле.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Средовечните лица кои подлежат на оперативен зафат под анестезија можат да имаат проблеми со меморијата.

Пред неколку дена во списанието Anaesthesia (Анестезија) објавена е студија која била спроведена на луѓе кои по операција биле подложени на проверка на “меморијата”, и се покажало дека оние средовечните покажале најлоши резултати.

Испитаниците пред операцијата не покажувале никакви знаци на Алцхајмеровата болест или деменција, па дури и најмали когнитивни нарушувања .

Учесниците во истражувањето биле лица од регистарот за превенција од Алцхајмеровата болест од Висконсин, САД. Сите лица биле на средна возраст, кои во текот на годините биле подложени на неколку психолошки и когнитивни тестирања во точно одредени интервали. Просечната возраст на испитаниците била 54 години.

312 лица од таа група биле подложени на една минимална операција под општа анестезија, додека 652 лица воопшто не биле оперирани. Сите лица пред операцијата покажале нормално когнитивно функционирање.

Во текот на четири години по операцијата, пациентите кои биле подложени на општа анестезија покажале малку полоши резултати во моментот кога биле замолени да се потсетат на нешто на лице место. Оние кои поминале повеќе време под анестезија покажале помалку можности во остварување на некои когнитивни задачи, како што се планирање и фокусирање на некоја тема. Но, тие промени биле толку мали што речиси биле занемарливи.

И покрај овие резултати, д-р Beverley Orser, инаку професор по психологија и анестезија, вели дека оваа информација треба да се земе како доказ дека за време на операцијата, делуваат неколку фактори кои влијаат на нашето когнитивно функционирање, што значи дека за сите последици не може да се обвинува само анестезијата.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...