Можно е да се отстрани генетскиот материјал што припаѓа на ХИВ

427

Американски научници од Универзитетот Темпл, со техника т.н. едитување на гени од клетките на имунолошкиот систем на пациентот отстраниле генетски материјал кој припаѓа на ХИВ вирусот.

Користената техника се нарекува CRISPR/Cas9, a развиена е уште во 2012 година.

Поради едноставноста и делотворноста техниката често се користи во молекуларната биологија.

Во новото истражување се користени Т-клетки на имунолошкиот систем од кои целосно е отстранет генетскиот материјал на ХИВ без нарушување на функционалноста на Т-клетките.

Новиот пристап има добри резултати и на Т-клетките одгледувани во лабораториски улови и на Т-клетките собрани од лицата заразени со ХИВ, наведуваат американски научници.

loading...