Моите деца се живи благодарение на нашето куче – некои никогаш нема да можат да го разберат тоа

1649
Booking.com INT

Последниот месец од мојата бременост со близнаците најчесто спиев. Никој не знаеше да ми даде некоја добра причина, па потребата по спиење се припишувала на хормоните.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Ја чував бременоста, а моето куче ме чуваше мене.

Тие денови ги менував само пижамите и расположенијата.

Едно утро бевме сами дома. Кучето и јас. Спиев како да испив слоновска доза апчиња за спиење. Но не сум, за време на целата бременост.

Муцката најпрво му ја почувствував на нозете. На грбот. Потоа го лижеше моето уво.

Се свртев на другата страна, со затворени очи и без зборови.

Потоа залаја. Тој цврсто ги извлече сите чаршави од креветот.

Луто го викнав неговото име и продолжив да спијам.

Нешто топло премина преку моето лице. Ги отворив очите и ја гледав неговата муцка. Цвилејќи ме влечеше за ракав.

Нашето куче плачеше. Секој оној кој имал куче, знае како кучињата плачат.

Станав, уморна и лута се тетеравев до бањата. Стигнав на половина пат и почувствував нешто жешко на моите нозе. Стоев среде крвави локва. Од страв не можев да се поместам, па само седнав.

Панично кружеше по станот, застана за неколку моменти покрај мене и продолжи да кружи.

Го викнав, а потоа се гледавме како да сме сами на светот. Никогаш пред тоа не сум чула такво цимолење кое допираше до сите мои органи и го зголемуваше стравот.

Со прст му покажав во насока на масата каде што беше мобилниот телефон…

Денес имам деца. Денес, уште немам куче.

Исто така, имам неоспорен доказ за величественоста на животот и соживотот меѓу човекот и кучето.

Имам нешто што некои луѓе никогаш нема да го почувствуваат, нема да можат да разберат.

Сенка Ловриќ

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...