Момче или девојче | Забавни показатели кои го откриваат полот на детето

327

На секој иден родител најважно му е неговото дете да се роди здраво, а дали ќе биде девојче или момче е помалку важно. Сепак секогаш со нетрпеливост се чека и лекарскиот преглед, на кој се дознава полот на бебето.

Тоа убаво исчекување може да се скрати со следните девет забавни начини за одредување на полот на бебето. Секако не може да се тврди дека овие показатели се сигурни, така што почекајте потврда од лекарот пред да почнете со купување сина или розова облека.

1. Храна по која копнеете

loading...

Доколку цело време ви се јаде слатка храна многу е веројатно дека носите девојче. Доколку копнеете по солено и зачинета храна голема е веројатноста дека носите момче.

2. Утрински мачнини

Доколку почетокот на бременоста ви поминува без или со многу малку утрински мачнини многу е веројатно е дека носите момче. Ако желудникот секогаш ви е вознемирен и имате силни утрински мачнини тоа можете да е „благодарение“ на девојчето во вашиот стомак.

3. Форма на стомакот

Ако стомакот ви е ниско подгответе се за многу сина гардероба, а ако стомакот ви е повисоко тогаш е девојче.

4. Отчукување на срцето

Ако околу седмата недела од бременоста бројот на отчукувања на детското срце во минута е 140 или повеќе, тоа укажува дека пристигнува девојче, а ако отчукувањата на срцето се под 140, можете да очекувате момче.

5. Акни

Излегувањето акни и лошиот тен се знак дека ќе станете мајка на девојче. Приказните од бабите велат дека акните се појавуваат затоа што девојчето на својата мајка и ја зема убавината.

6. Големина на градите

Доколку левата града изгледа поголема од десната тоа би можело да укажува на тоа дека ќе имате момче. Поголемата десна града од левата, пак, укажува дека можете да очекувате девојче.

7. Мирис на кромид

И малиот тест со кромид може да ви го открие полот на детето. Ако неколку часа по конзумирање мирисот на кромидот ви излегува низ порите, ќе биде машко. Доколку нема никаков мирис ќе биде девојче.

8. Прегрнување на стомакот

Ако имате мало девојче и секогаш ви го прегрнува стомакот во вас расте момче. Имате пак ако имате момче кое секогаш ви го прегрнува стомакот во вас расте девојче.

9. Тест со венчалниот прстен

Заврзете го прстенот, по можност венчалниот за конче и држете го така за да виси над. Ако прстенот се поместува напред назад можете да имате девојче, а ако се поместува кружно, може да се роди момче.

loading...