Моника Белучи | За мене, стареењето значи – да се биде подобра!

1797
Booking.com INT

“Првото дете го родив со 40, второто со 45, и никогаш повторно не би сакала да имам 20 години.”

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во младоста имате “beuatie di diable” (ѓаволска убавина), како што велат Французите, убавина која не ја разбирате, која не сте ја познавале.

Но, кога имаш 50 години, во тебе се раѓа убавина од друг вид, онаа која ти дава сила. Таа моќ не е врзана за надворешната убавина!

– Убавината на жената станува проблем само во два случаи: кога ја нема, и кога не постои ништо друго освен убавина.

– Нам ништо не ни припаѓа: ниту на нашите мажи, ниту нашите деца. Ние можеме само да ги споделиме чувствата, емоциите со луѓето што ги сакаме.

– Жената може да сака така, како никогаш да нема да замине. Но, може да дојде и таков ден кога ќе замине така, како да не ни сакала.

– За мене, стареењето значи – да бидам боља!

– Луѓето можат да му простат на човекот за умот, дури и за талентот, но за убавината и успехот – никогаш!

– Што ќе правам кога ќе остарам, и кога мојата слики во огледалото нема да ме радува? Па истото тоа што и мајка ми. Нема да се гледам во огледалото – ќе гледам во своите деца.

– Секогаш им велам на младите девојки: “Научете да го сакате своето тело!” Бидејќи не постои совршенство, и сосема е очигледно дека жената со облини не е помалку убава од витка девојка. Едноставно, треба да се научи да се прифатите сами себе, такви какви што сте.

– На сите нас ни се потребни илузии. И баш затоа ги сакам филмовите.

– Ниту за што на светот не би сакала да имам повторно 20 години. Сега сум многу посреќна, отколку тогаш, бидејќи на таа возраст почнуваме да се запознаваме, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме, патиме од несигурност. Сега знам точно што ми треба и без што можам да живеам.

– Да се биде убава со 20 години – тоа е природно. Кога сте убави со 35 или 45 години тоа е резултат од работата на себе и на внатрешната среќа.

– Според мене, глупаво е, со оглед на младоста и убавината, да бидеш спонзоруша на некој со длабок џеб, бесконечно трошење на животот на разни журки. Убавината ни е потребна да ни помогне да ја најдеме хармонијата, љубовта и смислата во овој хаотичен свет.

– Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие признаваат дека сте подобри.

– Убавината станува поизразена и поинтересна кога е затскриена со облека.

– Женственост – тоа е хармонија, природност и сензуалност.

– Не ги разбирам жените кои велат дека машката желба ги понижува. Мислам дека тие едноставно не се во согласност со нив.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...