Моника Левински 22 години по аферата | Срамот се залепи за мене како катран, времето не лечи баш сè …

6290
Booking.com INT

“Целосно сум свесна за тоа како луѓето ме гледаат. Во мојот случај, времето не лечи баш сè. Јас секогаш ќе бидам запаметена, во очите на јавноста, како љубовница на Бил Клинтон”, вели за Гардијан Моника Левински, која на околу 20 години, се вљубила во тогашниот претседател на САД – што ѝ го уништило животот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Моника завршила психологија во Лондон. Таму живее и работи со години. Иако сите биле благонаклонети кон неа во главниот град на Англија, таа еднаш доживеала ужасна ситуација.

“Седев во барот во центарот на градот, само три дена откако се преселив. Почнав да разговарам со една жена која изгледаше исклучително пријатно. Разговорот траеше речиси еден час, за да потоа одеднаш рече дека познава некои моќни луѓе, и дека не сум требала да доаѓам во Англија, бидејќи сум непожелна. Таквите работи, колку и да делуваат бесмислено, секогаш прво во лицето ќе ви го истурат вашето минато и на површина ви ги вадат работите за кои што сте мислеле дека се потиснати и заборавени. Тоа беше истото она чувство кога Линда ме предаде. Се чувствував немоќно”, вели Моника.

Линда, всушност, нејзината поранешна пријателка со која работела во Белата куќа, и на која ѝ се поверила во врска со претседателот. Линда “ја издаде”, попрецизно, тајно ги снимала нејзините разговори со Бил и сите ги предала на ФБИ.

Тогаш Линда организирала “заседа” во ресторанот, кога агентите дошле по Моника и ѝ кажале дека го истражуваат претседателот за сексуално вознемирување и дека мора да соработува, во спротивно оди во затвор на 27 години.

“Ме нарекуваа глупача и проститутка. Да се биде во центарот на тој медиумски вртлог беше навистина страшно. Многу од тоа имало врска со тоа што сум жена. Се разбира, шефот ме искористи, но секогаш ќе останам на ставот дека се работело за врска на која се согласивме двајцата. Злоупотребата започна подоцна кога станав жртвено јагне за да ја заштитам неговата позиција. Администрацијата на Клинтон, многу политичари и медиуми ме жигосаа, а таа лузна ми остана како сведок на моќта, вели таа.

Моника, ноември 2017

Моника Левински е една од најпосрамотените личности на 20 век, констатира Гардијан.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...