Монт Еверест по две години повторно освоен | Видео

316

Деветмина непалски Шерпаси се искачија вчера на Монт Еверест, станувајќи првите алпинисти, кои го освоија највисокиот врв во светот изминатите две години, соопштија непалските власти.

Шерпасите, етничка група која го населува источен Непал, ги следат експедициите во походите на Хималаите, како водичи и носачи на опремата.

Околу 300 планинари се обиделе на почетокот на годината заедно со своите водичи да се искачат на Монт Еверест.

Се очекува многу експедиции да бидат успешни во текот на мај, кој е најповолен месец за искачување заради добрите временски услови.

Непалските власти се надеваат на успешна планинарска сезона во 2016 година, по лавините предизвикани од катастрофалниот земјотрес, во кои минатата година настрадале 19 алпинисти, а 61 беа повредени.

Во лавините во 2014 година настрадале 16 Шерпаси, а единствена планинарска екипа која таа сезона го освои Монт Еверест ја сочинуваше една државјанка на Кина и Шерпаси водичи.

www.theweathernetwork.com

loading...