Морето на плажа исфрлило чудно морско суштество долго 10 метри

586

Во идентификацијата на чудното суштество насукано на плажа биле вклучени и локалните власти, но работата ја прави потешка состојбата на 10 метарскиот труп, кој е во висока состојба на распаѓање.

За сега, никој не знае што е мистериозното суштество кое неодамна испливало на плажата во Massin City на филипинскиот остров Leyte. Во идентификацијата на чудното суштество заглавено на плажата биле вклучени и локалните власти, но работата ја прави потешка состојбата на 10 метарскиот труп, кој е во висока состојба на распаѓање.

Хулио Алпино од Управата за рибарство и морски извори вели дека засега се сомнева дека станува збор за мртов кит.

На суштеството наишол Nujun Capistrano (42), кој се фотографирал и објавил на Фејсбук.

– Одев покрај плажата и го видов ова. Многу ме изненади затоа што не можев да идентификувам за што се работи, но никогаш дури не сум ниту видел нешто толку големо насукано на плажа. Единственото нешто во што бев сигурен беше дека тоа не беше живо, и силно мирисаше, рече Capistrano.

Локалните власти првично сакале трупот да го вратат во морето, но тоа беше отфрлено поради опасност за здравјето на граѓаните, пишува Метро.

loading...