Моринга – лек за повеќе од 300 болести

884
Booking.com INT

По чија семките, киноа и ашваганда, на пазарот за храна се појави нова „суперпроизвод“ од кој се воодушевени приврзаниците на здрава исхрана, нутриционистите и фитнес тренерите.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Станува збор за моринга, дрво што расте на падините на Хималаи и во некои региони на Индија, на Африка, на Пакистан и на Тајланд.

Моринга или „зелено злато“ важи за прашок што лекува над 300 болести. Поради исклучително хранливите вредности магазинот „Тајм“ го прогласи за ново киноа.

Здравствените придобивки од морингата во различни култури се познати илјадници години, додека интересот за „зеленото злато“ рапидно се зголемува последните пет години.

Според студија објавена во „Фитотерапи рисрч“ (Phytotherapy Research), кората, сокот, листот, коренот, семето и цветот на морингата традиционално се користеле за лекување на различни болести, меѓу кои: оток, артритис, епилепсија, нарушување на работата на тироидната жлезда, анемија, како и кај бактериски, гливични, вирусни и паразитски инфекции.

„Магичното дрво“ е поврзано и со позитивните ефекти врз кожата и косата, коските, имунитетот, кардиоваскуларното здравје, очите, како и врз превенција од рак.

На „Зеленото злато“ и се препишува и афродизијачко дејство, кај мажите помага при еректилна дисфункција, а кај жените го зголемува задоволството во сексот.

Морингата стана тренд во исхраната и поради хранливите материи. Нејзините листови содржат повеќе витамин А од морковот, повеќе калциум од млекото, повеќе железото од спанаќот, повеќе витамин Ц, повеќе калиум од бананата и повеќе протеини од јогуртот.

Морингата има убав вкус и е одличен додаток во исхраната. Нејзините листови најчесто се мелат во прав и се пие како чај, но се прават и салати и зачини.

На почеток потребни се околу шест грама моринга дневно.

Покрај во исхраната, маслото од моринга се користи и во козметичката индустрија за изработка на парфеми.

Њујорк, 2 март 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...