Морски зеленчук | Сè за морските алги и зошто треба да им се даде можност на трпезата …

322

Ако мислевте дека зеленчукот расте само во земја, во заблуда сте. Расте и на дното на морињата, едноставно се вари и полн е со здрави состојки! Да ги запознаеме моќните алги!

Додека на запад морскиот зеленчук се прави само во последните две до три децении, во азиската кујна тие се основа на секој оброк веќе стотици години. Морето нѝ го дава најбогатиот извор на долго синџирестите омега-3 масни киселини, а сепак ретко јадеме алги, обично само во форма на суши.

Викинзите и Келтите во дамнешни времиња џвакале суви tulsi, Платон имал поговорка дека “морето ги лечи сите зла”, а античките Грци редовно јаделе алги. Ако мислите дека сè уште не сте ги пробале, можно е дека повторно сте во заблуда. Морскиот зеленчук, поради својот солен вкус на многу производители на храна им служи како додаток за подобрување на вкусот или како згуснувач, на пример агар агар.

agar agar

Благодарение на процесот на фотосинтеза, морскиот зеленчук во себе во исто време собира и сончева енергија и многу минерали од морето. Полн е со хлорофил, обилува со натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо и многу други минерали.

Многу малку е познато дека токму морските алги се најбогат извор на јод, а со тоа и најсигурен штит против радијација и други загадувачи од непосредната околина. Во состојба се од телото да ги исчистат дури и трагите од тешките метали.
Не ги отфрлајте толку брзо

Ако на тоа додадеме дека човечката плазма е најмногу слична со морската вода, ќе нѝ биде појасно дека за здравствената состојба имаме потреба и од хранливите материи од морската вода,односно морскиот зеленчук.

Најголемиите потрошувачи на алги се Јапонците. Во текот на годината јадат до половина милион тони, што воедно е и тајната на најдолгиот животен век на Јапонците (над 80 години).

Во летниот период, киосците се полни со списанија од чии насловни страници врескаат имињата на новите, ефикасни диети, ветувајќи овој пат конечна победа. Токму храната од водата може да нѝ помогне многу во топењето на масните наслаги и ефикасно отстранување на вишокот на течност.

Најпопуларните примероци од океанското дно

Kelp – Кафеави морски алги – за губење на тежината

Kelp алгите се богати со витамин Б 12, К, Е, и јод, како и со магнезиум и железо. Поради полисахаридите кои ги содржи во себе, kelp алгите даваат чувство на ситост и помагаат при проблеми со варење на храната. Врз основа на ова често се користи како помош во губење на тежината, но, исто така, и кај проблемите со хипотироидизам или нарушувања на метаболизмот.

Човечкото тело не произведува јод и не може да складира големи количини на јод, па затоа е потребно да се земе со храна. На нашето тело му е потребно од многу причини, а недостаток на јод може да предизвика гушавост, хипотироидизам и хипертироидизам. Исто така, може да се зголеми можноста за пречки во менталниот развој, па дури и да го запре развојот на мозокот кај бебињата.

Кафеавите морски алги се одличен додаток во исхраната, па затоа е добро да ја додадете во супи, чорби и други течни јадења. Секако се препорачува во исхраната да ја внесат оние кои често се на диети или имаат дијагноза на недостаток на минерали, а ќе се одрази и на убавината на кожата и ноктите.

Nori – прочистува организам

Љубителите на јапонска храна сигурно знаат за Nori алгата, најчесто ја употребуваат за подготовка на суши, односно, мали ролни со риба, зеленчук и ориз.

Nori алгата е богата со витамин Б 12, како и бета-каротенот, кој го има приближно колку и во морковот. Голем е чистач на организмот: детоксифицира и ослободува од сите акумулирани токсини, особено ако се зема заедно со целер.

Подготовката на суши е едноставна, а телото ќе ви се заблагодари со здравје и убавина. Листовите од алги кратко пржете во тава или натопете ги. Нанесете варен ориз, филе риба и зеленчук исечкан на ленти и wasabi паста. Со помош на подлога од бамбус свиткајте во ролна.

Wakame – согорувач на масти

Името на алгата значи “морски сенф”. Неодамнешната студија, спроведена на Универзитетот во Хокаидо, открила дека алгата содржи соединение fucoxanthin, заслужен за топење на масното ткиво во телото. Истражувањето на животните покажало дека масните наслаги согоруваат со завидна брзина и се препорачуваат во исхраната. Исто така, Wakame се богати со омега-3 масни киселини (со две лажици алги се внесуваат 15 mg омега-3 масни киселини) и има големо ниво на натриум, калциум, јод, тиамин и ниацин. Ориенталната медицина се користи за прочистување на крвта, кај цревните вируси, за зајакнување на косата и за решавање на проблемите со репродуктивните органи.

Во Кореја Wakame супата ја консумираат жените по породувањето. Традиционално се јаде и на родендени, како потсетник на првата храна која сме ја добиле преку мајчиното млеко, а заради повикувањена плодна година.

Kombu – за добар метаболизам

Kombu алгите најлесно се слични на целерот. Тие растат многу долги, и до десетина метри, а полни се со витамини А и Б, и минерали, јод, железо, калциум и натриум. Kombu помага за регулирање на крвниот притисок и одржување на виталноста на мозокот, па сатоа се препорачуваат за студентите и другите кои многу учат или нивната работа бара напорна ментална подготовка.

Сепак, алгата е најмногу позната по своето благотворно влијание врз варењето на храната. За полесно да ја внесете во исхраната, бидејќи станува збор за алга со посебен интензивен вкус, додадете ја во супи или варива. Исто така, од Kombu алгата може да се готви и чај, кој потоа се пие во текот на денот.

За да ја подготвитe правилно, лента kombu алга, со должина до пет сантиметри, варете во половина литар вода и оставете да врие десет минути.

Arame – пријателка на вашата сопруга

Arame алгите нè потсетуваат на тестенини. Полна е со влакна, заради кои е исклучително здрава и ги става во рамнотежа проблемите со варењето на храната. Тоа е уште една алга која помага во губење на тежината, но, исто така, го заштитува имунолошкиот систем. Подгответе ја така што прво ќе ја натопите во топла вода, петнаесет минути, а потоа спојте ја со вашата омилена салата или ставете на quiche.

Arame алгите се нарекуваат и пријателка на жената, бидејќи ги ублажува менструалните болки. Ако ја конзумираат за време на периодот, ќе им обезбеди олеснување, но, исто така, чистење на телото од акумулираната течност.

Tulsi – антиканцерогено дејство

Има интензивна црвена боја, како што е цикоријата, и со солен вкус. Хранлива е и здрава: само 8 g содржи 2,7 g влакна, е особено е богата со јод и витамин А. Соодносот на омега-3 и омега-6 масни киселини во tulsi алгата е оптимален па најновите истражувања ѝ припишуваат и антикарциногено дејство. Всушност, tulsi има потенцијал да ги неутрализира слободните радикали, со текот на подолг временски период. Може да се подготвува во салата или да се додаде на варен зеленчук или во варива.

loading...