Мојата ќерка со четири години ја доби првата менструација. Во моментов е во менопауза, а има само пет години

44727

Имаше само четири години кога мајката почнала да забележува дека сѐ повеќе чувствува пот, а потоа забележала и дека се појавуваат мозолчиња. Причината ги шокирала сите.

Петгодишната Емили Довер во нејзината четврта година влегла во пубертет. Нејзините гради се зголемиле и добила месечен период, а сега, само со пет години, оди на третмани кои ќе го донесат нејзиното тело до менопауза.

Нејзината мајка, Там (41), се сеќава на моментот кога нејзиното дете ја доби својата прва менструација.

loading...

– Ја болеше стомакот и во еден момент мислела дека се покакала. Ја видов крвта на гаќичките и бев избезумена. И следниот ден имаше крв. Подоцна, сфативме дека добила менструален циклус, а на четиригодишно девојче многу е тешко да му се објасни што ѝ се случува. Таа е сега многу срамежлива, затоа што нејзиното тело е толку многу различно од телата на другите девојчиња – вели Там.

Кога се родила малата Емили, ништо не укажувало на тоа со какви проблеми ќе се соочи. Беше сосема здраво и среќно бебе, дури и помало од нејзините браќа и сестри. А потоа ситуацијата почнала да се менува, постојано плачела и имала проблеми со спиењето. Покрај тоа, почнала брзо да расте. Така, со четири месеци била со големина на едногодишно дете. Две години подоцна, ѝ се појавиле гради и почнала да се чувствува пот. Две години подоцна, таа добила менструација.

ALL ABOUT YOUR FIRST BORN!!! 🍼1. Was your first pregnancy planned? No. But very very wanted 2. Were you married?…

تم نشره بواسطة ‏‎Tam Dover‎‏ في 25 ديسمبر، 2016

Докторите конечно ја дијагностицирале Адисоновата болест или заболување на кората на надбубрежната жлезда. Покрај тоа, таа страда од конгенитална адренална хиперплазија, но, исто така, и од аутизам.

– Емили е моето најмало дете. Другите две деца се на 20 и 22 години и целосно се здрави – вели Тами, додавајќи дека многу проблеми минале додека не дошле до дијагнозата – бидејќи лекарите за нејзиниот необичен скок во развојот велеле дека тоа е затоа што нејзините родители се екстремно високи. Цистичните акни ги карактеризирале како обичен осип. За секој проблем имале одговор, но погрешен.

تم نشره بواسطة ‏‎Tam Dover‎‏ في 24 ديسمبر، 2016

Сега, кога ја знаат дијагнозата, Емили оди на третмани за да влезе во менопаузата. Секое ињектирање на хормонскиот коктел чини околу 1500 долари, а здравствените последици се страшни, бидејќи таа ќе помине преку она низ што поминуваат 50-годишните жени.

Нејзините родители отвориле онлајн сметка и побарале од сите луѓе со добра волја да им помогнат со овие претерано скапи третмани.

– За нас е страшно кога помислуваме за тоа со колку проблеми ќе се сретне во наредните години. И сега, во градинка, редовно ја малтретираат врсниците, бидејќи таа е различна од другите, а ние и не треба да помислиме што ќе се случува кога ќе тргне во основно училиште – вели Tam.

تم نشره بواسطة ‏‎Tam Dover‎‏ في 13 ديسمبر، 2015

loading...