Мудростите на Марија Монтесори | 19 наредби кои ќе ви помогнат да станете подобар родител

32087

Марија Монтесори (Италија, 1870. – Холандија, 1952.) е познат италијански воспитувач, лекар и автор на педагошка метода Монтесори.

Нејзините размислувања помогнале да се промени ставот во воспитувањето на децата во 20-от век.

Таа е позната по тоа што формулирала кратки, но импресивни заповеди за родителите, полни со мудрост.

1. Децата учат од она што ги опкружува.

2. Ако детето често се кара, тоа учи како да ги осудува другите.

3. Ако детето често го фалиме, тоа учи како да ги цени другите.

4. Ако кон детето покажуваме непријателство, ќе го научиме да се тепа.

5. Ако сте искрени со своето дете, тоа ќе научи што значи праведност.

6. Ако детето често го исмејувате, тоа станува срамежливо.

7. Ако детето се чувствува сигурно, тоа учи да им верува на луѓето.

8. Ако на детето премногу често му велиме “срам да ти е”, тоа ќе научи секогаш да се чувствува виновно.

9. Ако детето често се охрабрува, тоа ќе има голема самодоверба.

10. Ако на детето му давате поддршка, тоа ќе има голема самодоверба.

11. Ако детето живее во пријателска средина и чувствува дека на другите им треба, ќе научи како да пронајде љубов.

12. Никогаш не зборувајте лошо за детето, дали е тоа во или надвор од неговото присуство.

13. Фокусирајте се на тоа да развивате добрина кај вашето дете. Така што нема да има простор за лошо.

14. Секогаш сослушајте и одговорете на прашањето на детето или на неговото барање, ако ви се обрати.

15. Почитувајте го детето дури и кога ќе направи грешка. Така многу бргу ќе може да ја поправи својата грешка.

16. Секогаш бидете подготвени да му помогнете на детето кое има потреба од помош и повлечете се кога ќе приметите дека се снаоѓа.

17. Помогнете му на детето рано да ги совлада нештата. Тоа ќе го направите така што ќе се погрижите да светот околу него е исполнет со позитивност, со мир и со љубов.

18. Секогаш убаво однесувајте се пред детето. Покажете му како да стане најдобар човек што може да биде.

19. Почитувајте го детето кое се одмора, кое ги гледа активностите на другите деца или размислува за нешто што работело. Не му се обраќајте или да го терате на друг вид на активности.

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...