Мурзаку | Нема никакви пречки МПЦ-ОА да биде признаена од сестринските цркви

411
Booking.com INT

Нема никакви пречки, ниту пак причини Православните цркви да не ја признаат автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископја МПЦ-ОА пишува во својата опширна анализа за македонското црковно прашање во „Крисис Магазин“, американската професорка по црковна историја Инес А. Мурзаку на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во анализата Мурзаку појаснува дека историски, автокефалијата е сложена материја во животот на Источните Цркви и дека прашањето на доделувањето и признавањето на автокефалноста од мајките Цркви постојано предизвикува црковни проблеми во Православието, од четвртиот век до денес.

– Бугарската црква беше признаена како автокефална дури во 1945 година, 72 години откако се прогласи за автокефална. Романската црква во 1885 година, дваесет години по прогласувањето на автокефалија. Црквата на Грција во 1850 година, седумнаесет години подоцна. Албанската православна црква чекаше петнаесет години по објавувањето на автокефалијата пред признавањето од Константинопол.

Со црковно размислување, состојбата со Македонската Црква и петдецениското чекање за признавање на нејзината автокефалија го повредува единството на Црквата – Мистичното Тело Христово.

– Македонија, нејзината Црква и нејзините силно обидените луѓе треба да се третираат со почит и достоинство што тие го заслужуваат како полноправни членови на православното и европското семејство, се вели во анализата на Мурзаку.

Според статистичките податоци, Македонската православна црква има 2.000 активни цркви и манастири и повеќе од сто монаси и монахињи кои работат во Македонија и во странство. Автокефалијата, која е желбата на нејзината Црква и Македонските православни верници, треба да ја признаат Православните Цркви.

Во однос на тоа дали автокефалијата на Македонија ќе има влијание врз односите меѓу Истокот и Западот, Мурзаку оценува дека во догледна иднина нема и оти Ватикан ќе остане неутрален и нема да зазема никакви страни во автокефалното прашање на Македонската црква.

На крајот од анализата Мурзаку, наведува дека оваа црква на периферијата има многу да придонесе за единството на Европа и екуменизмот на Исток-Запад, а Македонската православна црква чека доволно долго за да биде препознаена нејзината автокефалија.

Скопје, 25 февруари 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...