Надвор замрзнати тротоари, пешаки премини … | Еве како треба да се движите по замрзнати површини | Видео

5763
Еве како треба да се движите по замрзнати површини.

Ако сте помислиле како е логично дека до сега најверојатно сте научиле да одите, не сте во право …

Замислете како денеска сите во вашиот град одеднаш почнат да одат како пингвините … Не, не … Без смеење. Токму тоа е советот на германските доктори кои тврдат дека ова е единствениот правилен начин на одење во случај на замрзнати тротоари и патишта.

Па, како што метеоролозите најавуваат студен бран кој ни е сѐ поблиску и сѐ појасно го покажува својот вистински лик, идеално време е и самите да ги примените овие совети.

Имено, германската асоцијација на ортопедски и трауматолошки хирурзи наведува дека, за да се намалат шансите за пад на ледени површини, треба вашето торзо да се наведне напред и така тежиштето да го префлите на предната нога. Со други зборови, имитирајте ги пингвините.

Инаку, кога луѓето нормално одат, тежината рамномерно ја распоределуваат помеѓу предната и задната нога, а со тоа го зголемуваат ризикот од паѓање.

Затоа, ако оваа зима не сакате да ја памитите по паѓања, погледнете го ова видео и научете како правилно да одите по замрзнат пат: