Надобрите светски плажи, според оценка на туристите

406

Плажата Грејс Беј во Карипско Море е новиот светски хит, кога е во прашање изборот на најдобрите плажи, а ранг листата е правена од туристите, корисници на „Трип Адвајсори“.

По две години минати на тронот според „Трип Адвајсори“, најдобрата рангирана плажа на светот, Баиа до Санчо, во Бразил, „ја загуби“ битката од неверојатното место на островите во Карипско Море.

Најдобрите светски плажи се избрани врз основа на квалитетот и квантитетот на понудата за гости и оценката на плажите во периодот од една година.

loading...

Покрај својата глобална листа на најдобри плажи, Трип Адвајсори, исто така, направи листа и на најмногу наградувани плажи во САД, Велика Британија, Африка, Азија, Австралија, на Карибите, Централна Америка, Јужна Америка, Јужен Пацифик и Европа.

За најдобра плажа во САД е оценета плажата Клирведер, на Флорида, додека во Европа најдобра е плажата Иљетес во Шпанија. Топ место во Азија е плажата Нгпали во Мјанмар.

Најдобрите светски плажи:

1. Грејс Беј - Туркс и Каикос

2. Баиа до Санчо – Фернандо де Норонха, Бразил

Баиа до Санчо - Фернандо де Норонха, Бразил

3. Плаја Параисо – Кајо Ларго, Куба

Плаја Параисо - Кајо Ларго, Куба

4. Ансе Лазио – островот Праслин, Сејшели

Ансе Лазио - островот Праслин, Сејшели

5. Кајо де Агуа – Лос Рокуес Натионал Парк, Венецуела

Кајо де Агуа - Лос Рокуес Натионал Парк, Венецуела

6. Фламенко плажа – Кулебра, Порторико

Фламенко плажа - Кулебра, Порторико

7. Плажата Сес Иљетес – Форментера, Шпанија

Плажата Сес Иљетес - Форментера, Шпанија

8. Нгапали плажа – Нгапали, Мјанмар

Нгапали плажа - Нгапали, Мјанмар

9. Вест Беј – островите Беј, Хондурас

Вест Беј - островите Беј, Хондурас

10. Накпан – Ел Нидо, Филипини

Накпан - Ел Нидо, Филипини

loading...