Намаз од лук и зачини (посно)

682

Одличен намаз …

Потребно 

1-2 главици лук
свежи зачини по желба (босилек, рузмарин, мајчина душичка)
1 лажиче мелена црвена пиперка
чили во прав, по желба
1 лажиче лук во прав
сол, бибер

Подготовка

  • Главиците лук убаво посолете ги и посипете ги со маслиново масло.

  • Ставете ги во загреана рерна да се печат 30-40 минути. Кога ќе почнат да мирисаат тогаш се готови. Оставете да се изладат.

  • Чешнињата лук исчистете ги од лушпите, ставете ги во блендер заедно со зачините, малку посолете ги, додадете маслиново масло и убаво изблендирајте да се добие кремаста маса.
  • Послужете ги со препечен леб.