Намалете ја телесната тежина со овој неодолив и многу здрав намаз на светот

706

Дали знаете кој намаз е најздравиот намаз на светот?

Хумус, се разбира! Но, овој е поинаков. Малку помодерен, повкусен и поздрав!

Оваа убава боја која буквално мами да ја пробате, на непцата ќе им донесе големо изненадување, а најдобро од сѐ е дека намазот ќе помогне полесно да изгубите тежина.

Тоа е хумус од цвекло!

loading...

Овој намаз богат со протеини од наут, ќе ви понуди уште една диетална предност – цвеклото, кралицата на зеленчукови корени, кои го сакаме, бидејќи нѝ е достапен цела година, а има толку многу добри хранливи материи. Цвеклото многу добро го чува нашето здравје, го штити срцето и крвните садови, а има силен детоксикациски ефект, бидејќи е полн со добри растителни влакна, кои организмот нема толку брзо да ги свари.

Но, така варењето подобро се чисти и посилно го стимулира разградувањето на мастите, а бидејќи цвеклото е познато како совршен чистач на црниот дроб, сметаме дека повеќе од тоа во корист на цвеклото, не треба да се каже. Освен, можеби оној “мал” факт дека е нискокалорично, и поради тоа совршен прилог на најздравиот намаз на светот.

Што ќе ви треба за за една чинија од намазот, кој ќе може да се чува во фрижидер до една недела:

  • 1 мало печено цвекло
  • 1 и 3/4 чаши варен наут, може и од конзерва
  • Рендана корка од цел лимон
  • Сок од половина лимон
  • Прстофат сол и црн пипер
  • 1-2 големи чешниња лук, сечкани
  • 2 лажици таан паста
  • 1/4 чаша екстра девственото маслиново масло.

Подготовка

Измијте цвекло, лесно премачкајте го со маслиново масло, завиткајте го во фолија и печете го во рерна околу 45 минути на 200 степени. За да проверите дали е доволно печено, развиткајте ја фолијата и со нож лесно прободете до средината на цвеклото. Ако ножот оди глатко, цвеклото е печено, па оставете го да се излади.

Ладното цвекло насечете го на парчиња и ставете го во блендер со други состојки, освен маслиновото масло и сокот од лимон.

Кога ќе добиете густа смеса, во која веројатно ќе останат малку од парчињата, ставете во смесата масло и сок, и некое време блендирајте, додека не стане каква што ја сакате.

Пробајте и додадете уште малку сол и вода, ако намазот стане премногу густ.

Намазот ставете го во сад, кој можете херметички да го затворите, а во фрижидер можете да го држите до една недела.

Уживајте во необичен вкус и огромни хранливи вредности на овој современ намаз.

Јадете го со пченичен леб или како гарнир со месо и зеленчук.

loading...