Нанибот, робот-дадилка која ќе ги надгледува вашите деца | Фото/Видео

721

Американската компанија „Фајв Елементс Роботикс“ ја пласираше својата Нанибот, робот-дадилка која ќе им служи како „очи и уши” на родителите, кога за кусо ќе треба да ги остават своите најмили дома сами.

Нанибот сепак не поседува особен интелект. Основната намена на роботот е да ги следи децата низ куќата и дворот со камера и да пренесува сигнал до смартфоните на родителите. Така, тие оддалеку ги „надгледуваат“ своте деца.

Секако, направата ќе има и дополнителни елементи, како на пример – кошница за играчки.

Засега компанијата не соопштува колку оваа даилка ќе чини, ниту пак кога ќе биде достапна на пазарот.