Напивка за зајакнување на имунитетот

732

Лукот претставува вистинска „суперхрана“ – бројни истражувања покажаа дека помага за регулирање на нивото на холестеролот, како превенција за настинки и грип, како и за кардиоваскуларните заболувања и некои видови карцином. 

Доколку саката да го зајакнете имунитетот и да му помогнете на организмот да се одбрани од вируси и бактерии, ви предлагаме да ја консумирате оваа напивка.

Подготовка

  • Исечкајте ситно едно чешне лук, додадете прстофат мелен бибер и измешајте со една лажица маслиново масло, сок од половина лимон и една лажица сок од ѓумбир (или рендан ѓумбир).
  • Иземшајте ги добро сите состојки и така подготвената напивка веднаш испијте ја.
loading...