Направете ја жената среќна за пет минути

2540

Сигруно имате и повеќе од пет минути дневно за жената која ја сакате, но овој текст ќе ви покаже дека и малите чекори се доволни за голема среќа.

1. Кога ќе дојдете дома, прашајте: „Што може да направам за да ти помогнам?“, а потоа навистина направете го тоа. Наместете ја масата, соберете ги чистите садови, пресоблечете го бебето, нахранете го кучето, фрлете го ѓубрето, полејте го цвеќето… Направете што било од овој список, а станува збор за работи за кои се доволни само пет минути.

2. Речете и на вашата сопруга дека сакате да и помагате. Или само не јадикувајте додека нешто работите. Искористите пет минути од нејзиното внимание и кажете и што вас во вашиот однос ве прави среќен.

3. Кога не сте заедно испратете и во текот на денот СМС, мејл или на некој друг начин речете и дека ја сакате. За тоа ви треба и помалку од пет минути.

4. Купите и некое мало изненадување. Чоколадо, вино, книга, ЦД со нејзината омилена музика…ситница која се продава на бензинска пумпа, во супермаркет.

5. Речете и дека е секси додека готви ручек, игра со децата, шета со кучето. Значи, во оние ситуации кога не е дотерана.

6. Споделете ја оваа статија на социјалните мрежи или испратете и го само на неа за да види колку ви е важно да ја направите среќна.

loading...