Народ кој е толку глупав не заслужува подобро од епидемија на сипаници

3254
Booking.com INT

Не постојат потажни ситуации од смрт која лесно можела да се избегне. Токму тоа ќе почне да и се случува и на Хрватска ако продолжи идиотскиот тренд на невакцинирање на деца кој со години се шири во Хрватска, но и во регионот. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Да потсетиме, неодамна во Србија од компликации предизвикани од сипаници, болест која тривијално лесно може да се спречи со вакцинирање, починаа 15 лица.

Хрватскиот Завод за јавно здравство (ХЗЈЗ) објави алармантни податоци за падот на вакцинации за минатата година. Имено, и минатата година продолжи трендот на пад на бројот на вакцинирани деца, кој трае веќе шест години. Со тоа, како што проценува ХЗЈЗ сеиозно е загрозено нивото на колективен имунитет (еден од поимите кои се клучни во приказната за вакцинирање, а антивакцинашите односно оние кои се за зараза, не го разбираат) и тоа првенствено кај децата од предшколска возраст.

Родителите ги ризикуваат животите не само на своите деца, туку и на туѓите

Поедноставено, родители кои се против вакцини буквално ги ризикуваат животите не само на своите деца, туку и на туѓите, на пример на оние кои од оправдани здравствени причини не можат да се вакцинираат, и се приморани да се потпираат на гореспоменатиот колективен имунитет за да бидат заштитени.

Ако под итно не запре трендот на пад на вакцинирање, во блиска иднина можеме да очекуваме епидемии, пред се на сипаници, рубеола, магарешка кашлица и заушки, стои во предупредувањето на ХЗЈЗ.

Како, како општество станавме толку глупави што сами на себе на врат си навлековме речиси сигурни епидемии на болести од чии компликации буквално умираат деца? Тоа прашање не е едноставно, но има одговор. Индекс токму на тоа  прашање му посвети еден од поопширните написи напишани на оваа тема воопшто.

Но едукацијата не ги интересира луѓето кои информациите за медицината не ги добиваат од лекарите туку од извори како што е Фејсбук страницата на Иван Пернар. Не сте слушнале дека во вакцините ставаат мртви фетуси? Кој ви е крив кога не следите што за тоа пишува Пернер и неговата секта.

Многумина од нив, се разбира ќе ви кажат дека тие не се против вакцинирањето туку само сакаат „слобода на избор“. Притоа се служат со аргументот според кој вакцинирањето не е задолжително ниту во многу земји од Европската унија, па се прашуваат зошто тогаш е задолжително во Хрватска. Се разбира притоа го занемаруваат фактот дека огромен процент луѓе во Западна Европа е доволно едуциран, дека и самите знаат колку е многу попаметно да се вакцинира детето, отколку да не се вакцинира.

И навистина – не морате да ги вакцинирате сите деца. Само оние кои сакате да ги задржите.

Смрт од глупост

Да повториме уште еднаш: речиси е сигурно дека во Хрватска наскоро ќе умираат деца од компликации од болест која може лесно да се спречи и тоа исклучиво поради глупоста на своите родители. Се разбира, ќе умираат и деца на родители кои не се против вакцинирање, поради пад на колективниот имунитет.

Звучи сурово, но народ кој е толку глупав што значаен дел од него серизоно ги загрозува животите на сопствените (и туѓите) деца, можеби не ни залужува подобро.

Индекс.хр – Загреб/МИА

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...