НАСА избра нова порака што ќе се шири низ Вселената

218

Американската вселенска агенција НАСА го прогласи победникот на конкурсот за порака која ќе биде испратена до сондата „Војаџер 1″, лансирана во Вселената пред 40 години.

Еден од условите на конкурсот, беше – пораката да содржи најмногу 60 знаци. По гласањето на интернет, победи реченицата „Вие не сте сами”, на авторот Оливер Џенкинс.

Победничката порака беше прочитана од канадскиот глумец Вилијам Шетнер, ѕвездата на првата од неколкуте научно-фантастични ТВ серии со наслов „Ѕвездени патеки”.

loading...

Инаку, сондата „Војаџер 1“ беше испратена во Вселената во 1977 година, од Флорида, еден месец пред „Војаџер 2″. Обете ги проучуваа Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.

Во двете летала има златни дискови на кои се впишани пораки, меѓу кои и песни, слики, податоци за местоположбата на Земјата, како и поздравот на поранешниот американски претседател Џими Картер, којшто гласи „Добар ден”, преведен на 55 јазици.

loading...