Наскоро пристигнува новиот концепт „Хјундаи Велостер Гарнејд“

539
Booking.com INT

Компанијата „Хјундаи“ се здружи со компанијата „Гарнејд“ со која го подготви концептот „Велостер“ со агресивен изглед. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

„Хјундаи“ секогаш привлекува внимание со своите модели како „Џенезис Купе“ со 500 коњски сили, како и „Тусон“ со 700 коњски сили.

Овој пат во центар на вниманието е концептниот „Велостер Гарнејд“, кој поседува боди кит што му дава агресивен изглед, а тука се фаровите и наплатките кои ги произвела компанијата „Капалети Дизајн“.

Концептот доби хауба од карбонски влакна, а обоен е во меџик магента боја. На задниот дел се наоѓа голем мотор.

Автомобилот се движи со модифициран четирицилиндричен мотор, но неговата моќност се уште не е позната. Во внатрешноста има спортски седишта „Кобра Нагаро“ со безбедносни појаси „Таката“, а вграден е и безбедносен кафез. Во внатрешноста се наоѓа и волан од карбонски влакна.

Концептот „Хјундаи Велостер Гарнејд“ ќе биде претставен во ноември.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...