Наскоро туристички патувања во Вселената | Видео

2213
Booking.com INT

Американската компанија Орион Спан наскоро ќе почне со услугата – туристичко патување надвор од нашата планета.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Основачот и директор на компанијата Франк Бунгер на Спејс 2.0 самитот во Калифорнија, го најави овој проект, а според него, луксузниот вселенски хотел наречен Аурора Стејшн ќе биде лансиран во 2021 година. Првите гости ќе можат да резервираат соба во 2022 година.

Што се однесува до цената, малкумина ќе можат да си го дозволат ова туристичко патување. За 12 дена престој во Вселената, ќе треба да се издвојат точно 9,5 милиони долари.

Во хотелот можат да престојуваат шест лица, односно четири патници и два члена на екипажот. Пред самото патување, туристите ќе мора да минат тримесечна подготовка во Хјустон.

Искуството ќе биде незаборавно, бидејќи патниците ќе имаат можност да почувствуваат вистинска нулта гравитација и да ја погледнат планетата Земја како што ја гледаат космонаутите. Воедно, ќе можат да се видат 16 зајдисонца и изгрејсонца во еден ден.

Бунгер вели дека целта е изградба на самоодржлив „туристички центар“ во Вселената кој ќе биде достапен за што поголем број луѓе.

Стручните лица од компанијата имаат намера да изградат вселенска станица, но лансирањето најверојатно ќе го спроведат во соработка со други компании.

Овој вселенски хотел ќе биде 13,3 метри долг и 4,3 метри широк. Ќе има и брз интернет, за патниците да можат да им се јават на своите семејства.

Доколку побарувачката за вакви патувања биде голема, Бунгер најавува и можна изградба на „вселенски станови“ за изнајмување на подолг период.

Хјустон, 10 април 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...