Науката докажала | Овие 11 суеверија се точни

2773

Иако за некои работи сме слушнале и од нашите баби и мајки, и секогаш сме верувале дека тоа се суеверија. Науката докажала дека во многу случаи, советите кои сме ги добивале од бабите се точни.

Колку пати сме слушнале совети и предупредувања на постарите кои нѝ звучеле смешно и суеверно, а на нив сме одмавнале со рака?

  • Не држи ја ташната на подот затоа што нема да имаш пари. Не оставај отворен чадор во собата, тоа носи несреќа. Испиј чаша млеко за да спиеш подобро … И така натаму.

Сепак, науката некои од “бапските приказни” потврдила и докажала дека не сите суеверија се целосно шупливи. Тогаш, да почнеме да ги разоткриваме “митовите” …

loading...

Пилешката супа и настинката

Сите ние сме слушале од бабите дека, кога ќе настинеме, треба да јадеме пилешка супа. Се потврдило дека во тоа има некоја вистина. Иако пилешката супа нема целосно да ве излекува од настинката, сепак ќе ублажи некои од симптомите.

Научниците откриле дека пилешката супа навистина може да ја успори активноста на белите крвни клетки кои се одговорни за воспаленијата. Затоа, само напред … чинија топла пилешка супа пред себе и – пријатно!

Машките бебиња

Ова е точно – науката докажала дека момчињата им задаваат на мајките повеќе болка за време на породувањето отколку девојчињата.

Една студија од 2003. година докажала дека жените кои раѓаат момчиња имаат поголема веројатност за компликации за време на породувањето, што доведува до поголем број на итни царски резови. Имено, студијата нуди одговор дека тоа е затоа што момчињата се генерално поголеми и потешки од девојчињата и имаат поголеми глави.

Јаболката и срцевите напади 

Ова веќе толку пати сме го слушнале, а веројатно и сме помислиле дека е уште една измислица. Но, не е!

Едно британско истражување од 2013 година покажало дека ако сите Британци постари од 50 години, секојдневно јадат едно јаболко, би спречиле или одложиле 8.500 срцеви напади и мозочни удари секоја година.

Значи, по пилешката чорба, исто така, треба да јадете јаболка.

Чоколадото и менструацијата 

Чоколадото ги олеснува предменструалните грчеви. Се покажало дека силната потреба за чоколада пред почетокот на менструалниот циклус е од физиолошки причини.

Истражувањата покажуваат дека чоколадото содржи хранливи материи и антиоксиданси како анандамидот, кој има смирувачки ефект и ја одржува болката во рамнотежа со други расположенија. З

начи, жени и девојки, за неколку парчиња чоколадо, не мора да се чувствувате виновни.

Топлата купка и сперматозоидите

Топла бања ја оштетува спермата. Ако се обидувате да направите бебе со вашиот партнер, тогаш потрудете се вашиот маж да не влегува во топла бања пред самиот чин.

Бабите тоа го знаат подолго време, а науката неодамна го открила. Студијата од 2007 година покажала дека мажите кои биле тестирани по 30 минути поминати во топла бања, имале многу лоши резултати, додека одрекувањето од топла вода го подобрило производството на сперматозоидите.

Затоа, ако планирате бебе, што е можно подалеку од топла вода.

Икањето и бебињата со коса

Икањето во бременоста е знак дека бебето има многу коса. Мора да сте го слушнале ова, дури и ако сѐ уште немате деца, бидејќи веројатно и нема постара жена која не верува во тоа.

Овој мит го потврдиле и доктрините од болницата Џон Хопкинс во Балтимор. Тие спровеле истражување за да го побијат ова верување, но го докажале сосема спротивното.

Резултатот е дека зголеменото ниво на хормони, кои предизвикуваат икање, всушност предизвикуваат раст на косата кај бебето.

Полната месечина

Полна месечина. Со векови се раскажува и бапската приказна според која децата “малку ќе побудалат” кога месечината е полна. Со други зборови, луѓето, но и животните, го менуваат своето расположение за време на полна месечина.

Научниците допрва треба да докажат дека однесувањето, плодноста и наталитетот се условени од лунарната шема. Но, една студија докажала дека некои луѓе спијат потешко за време на полна месечина, дури и кога ќе ги спуштаат ролетните на прозорецот во спалната соба.

Ако сакаш да се одчукаш, внимавај да не се дочукаш

Клин со клин се избива. Ако сте претерале со пиењето минатата ноќ и се чувствувате мамурно, бабите веднаш би ви кажале “мавни уште една” за да се решиш од мамурлакот.

Науката ги потврдува во тоа. Се покажало дека конзумирањето мала количина алкохол може да го олесни мамурлакот. Но, имајте на ум, дека ублажувањето на мамурлакот на овој начин може да го зголеми ризикот од зависност од алкохол.

Затоа, постои уште еден совет: испијте голема чаша вода пред спиење, ако веќе треба да пиете алкохол.

Спиењето и овците

Бројте ги овците за да заспие полесно. Старите жени им зборувале на децата кои не можат да заспијат да ги затворат очите и да бројат овци. И повторно, испаднало дека биле во право.

За да се докаже ова, не е потребна ниту научна студија. Со употребата на визуелизација или ментални слики сигурно може да помогне побрзо да отпатувате во “земјата на соништата”. Како?

Тоа ви помага да ги оттргнете мислите од стресните рамислувања или анксиозните мисли кои често се поврзуваат со несоницата.

Сирењето и сонот

Сирењето може да предизвика чудни соништа. Долго време се верувало дека станува збор за обичен мит дека конзумирањето сирење пред спиење може да предизвика чудни соништа, но една британска студија вели поинаку.

200 пациенти биле тестирани кои пред спиење јаделе различни видови на сирење. Повеќето од нив потврдиле дека имале многу чудни соништа.

Рибите и мозокот

Масните риби се навистина храна за мозокот. Односот помеѓу омега-3 масни киселини и масна риба навистина постои и добро е познат. Масните киселини кои се наоѓаат во рибите докажано ја подобруваат кондуктивноста меѓу мозочните клетки и со тоа ја подобруваат работата на мозокот. Едно истражување дури покажало дека со редовното конзумирање на риби мозокот расте.

СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ !!!

loading...