Науката | Задоволството не е единствената причина за орален секс!

9875

Чувството на задоволство е половина од приказната. И тоа оној дел кој еволуирал многу подоцна.

На прашање зошто луѓето практикуваат орален секс, освен религиозните фундаменталисти, одговоротот на сите други ќе биде отприлика: “Па, затоа што е пријатен!” Научниците, сепак, откриле дека тоа е само половина вистина, и тоа на еволутивната скала оној дел кој настапил подоцна.

Според една студија објавена во Journal of Reproductive Immunology, списание за репродуктивна имунологија, за оралниот пристап на жените кон мажите се погрижила самата природа, за да, што е можно повеќе, се намали можноста телото на жената да ги препознае гените на мажот во фетусот кој се развива заедно со гените на жените, како туѓо тело.

Внесување на машкиот ДНК во дигестивниот систем, вклуително и во организмот, со голтање сперма, наведува студијата, резултира со тоа што телото на жената се навикнува на ДНК на мажот, а со тоа полесно го толерира ДНК на фетусот, односно не го отфрлува како туѓо тело.

Оралниот сексуален пристап на мажите кон жените кој научниците го докажале и опишале во една студија објавена во Evolutionary Psychology, се вели дека мажите на овој начин најчесто полесно сексуално ја задоволуваат жената. А тоа тогаш носи емоционални придобивки, па и еволуцијски, со огледа на, следствено, помалиот ризик од неверство.

Сите други варијанти на сексуални орални односи на различни или исти полови меѓу себе по тие темелни еволуцијски закони би требале да бидат варијанти на физичкото задоволство, како што е случај со хетеросексуалните орални односи.

Оралниот секс не штити од сполно преносливи болести

Земајќи во предвид дека сексуално преносливите болести се нарекуваат сексуално преносливи инфекции, незаштитениот секс е очигледно и првиот начин на инфекција, а луѓето обично го занемаруваат ризикот од орален секс. Факт, дека најчест проблем е ретко користење заштита, верувајќи дека ризикот од инфекции е мала. Всушност, велат експертите, тоа е голем мит – затоа што некои болести лесно се пренесува преку орален секс од класичниот!

Како најголем ризик од инфекција се наведуваат три многу чести сексуално преносливи болести, а тоа се гонореа, генитален херпес (како последица од вирусот HPV) и сифилис.

loading...