Очите многу зборуваат | Научете како да читате од нив

18414
Booking.com INT

Очите се најубавиот и најизразениот дел од човечкото тело.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Бидејќи нивната боја зависи од генетскиот склоп на организмот, не е чудно што психолозите успеале да ги поврзат карактеристиките и квалитетите на личноста со оваа индивидуалност.

Еве еден краток водич за тоа што вашата боја на очи може да значи во контекст на однесувањето, животот и ставовите.

Не прават грешка: Очите многу зборуваат

Сини очи

Велат дека ова боја е најпосакуваната. Сините очи како и кафените очи, се широко распространети.

Луѓето со сини очи, често се со младешки дух.

Фасцинираноста со сините очи оди дотаму што некои луѓе дури купуваат сини леќи или се подлежат на ласерски операции за да нивните очи бидат сини.

Луѓето со сини очи се симпатични, атрактивни и вистински пријатели.

Сините очи ви носат спонтаност и енергичност. Луѓето со сини очи го живеат животот во потполност. Секогаш ќе се трудат да ви помогнат, бидејќи тие се многу внимателни. Продуховени се и повеќе склони на долги љубовни врски.

Сакаат да имаат среќно семејство и очекуваат лојални партнери. Имаат многу силна моќ на опсервација и никогаш ништо не пропуштаат. Отворени во однос на чувствата и не се срамежливи.

Кафеави очи

Лица со костенливи очи се секогаш подготвени да прифатат било каков предизвик. Храброста е нивното друго име!

Никогаш нема да се откажат од борбата и ќе сторат сé за да докажат дека тие се најдобри. Многу се внимателни и секогаш љубезни кон луѓето, сè додека се постапува на нивниот начин.

Сакаат авантури и запознавање на нови луѓе. Темпераментни се.

Тргајте им се од патот, кога се лути. Луѓето со кафени очи ги имаат карактеристиките на луѓето со зелени очи. Сакаат промени и спонтани се. Тие се убави и елегантни. Кога станува збор за романтични врски, внимавајте, бидејќи сакаат кратки врски и нема ниту да забележите дека ве завеле. Тие се многу енергични и храбри и сакаат да експериментираат во животот.

Зелени очи

Луѓето со зелени очи се многу енергични и креативни. Сакаат авантури и го прифаќаат секој предизвик што доаѓа пред нив. Ќе ви се одмаздуваат, ако ги излажете или измамите. Реторички надарени се.

Интелигенцијата е нивната посилна страна и страстно живеат.

Никогаш нема да дозволат некој или нешто да им застане на патот до среќата. Страсни се љубовници и тежнеат да имаат долги врски. Понекогаш тие можат да бидат многу љубоморни.

Атрактивни се и имаат најсексипилна боја на очите. Сакаат да ги забавуваат луѓето. Можете да им верувате. Но, ако ги навредите, секогаш ќе ви одговорат и ќе направат будала од вас.

Црни очи

Црната боја на очите е многу ретка. Лицата со црни очи, всушност, имаат темно кафаеви очи. Што кажува тоа за вас?

Луѓето со темни очи се многу живи и полни со страст. Вашите одговорности никогаш нема да бидат недовршени и ќе вложите 100 % од вашата енергија да го завршите она што сте го започнале. Со натпреварувачки дух сте и ќе се трудите секогаш да бидете супериорни.

Луѓето со темни очи се мистериозни. Не се отвораат лесно пред луѓето. Тоа понекогаш ги спречува да започнат љубовна врска. Но, кога ќе се вљубат, многу се лојални и верни.

Често имаат силни убедувања. На луѓето со темни очи можете да им верувате и можете да сметате на нив. Никогаш нема да ве изневерат.

Покрај сите позитивни карактеристики многу се кавгаџиски настроени и секогаш ќе ги бранат своите ставови, и покрај тоа што знаат дека не се во право. Луѓето со темни очи не се трпеливи и не можат да чекаат долго.

Сиви очи

Лицата со сиви очи се родени да бидат лидери. Имаат моќ да ги решат главните проблеми меѓу луѓето, бидејќи тие секогаш имаат позитивно решение.

Многу се силни личности и имаат силна моќ која ги штити од надворешни притисоци. Многу се прилагодливи и нема ситуација или околина на која нема да се прилагодат. Тие се со чуден карактер и секогаш делуваат како да се зафатени.

Не ја толерираат стагнацијата и монотонијата. Секогаш мора нешто да прават.

Луѓето сакаат да бидат во нивната близина, бидејќи шират благотворна енергија. Секогаш се водат со разум и умеат да чуваат тајни. Не се со авантуристички дух.

Педантни се, но не и деталисти. Многу им е лесно да го организираат сопствениот живот врз основа на нивното практично размислување и паметни одлуки. Многу се лојални и имаат тенденција да имаат долга љубовна врска. Верни се и посветени на своите љубовници во вистинска смисла на борот..

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...