НАУЧНИЦИТЕ ВО КАВГА | “Подалеку од овој пијалак, не се во право оние кои велат дека не е штетен”

1347

Може да го зголеми ризикот од рак на усната шуплина и грлото, хранопроводот и ракот на дојка кај жените.

Дури и мала чаша вино на ден може да го зголеми ризикот од рак на усната шуплина и грлото, хранопроводот и рак на дојка кај жените, предупредува одборот на британската влада потпирајќи се на препораките на Светската здравствена организација и на истражувањата, пишува британскиот Гардијан.

Во еден напис што го објави минатата недела Drug and Alcohol Review, авторите наведуваат дека производителите на алкохол со истражувањата кои сами ги финансираат настојуваат да порачаат дека само консумирање алкохол во големи количини е одговорно за заболувања од некоја форма на рак.

loading...

Сепак, ризикот да се заболи од некоја форма на рак поврзана е дури и со мали количини на алкохол, се наведува во текстот кој укажува на тоа дека препорачаниот број од 14 единици пијалаци неделно би можеле да биде премногу високи.

Дури и помалку од 1,5 единици на пијалаци дневно, а тоа значи мала чаша вино, може да го зголеми ризикот од развој на рак на усната шуплина, грлото, хранопроводот и ракот кај жените, вели одборот на британската влада.

Добро се познати ефектите на уживање големи количини алкохол на црниот дроб и панкреасот, но помалку се проучени ефектите на ракот на дојката и дебелото црево.

Повеќе од 100 епидемиолошки студии покажале поврзаност меѓу ракот на дојката и алкохолот, а ризикот се зголемува и со помалку од една чаша вино дневно.

Научниците од Универзитетот Харвард не утврдиле дека благо консумирање алкохол значително влијае на развојот на рак кај мажите (освен ако тие не пушат), но утрвдиле за ракот на дојка кај жените.

Edward L. Giovannucci, професор на нутриционизмот и епидемиологија на Школата за јавно здравје на Универзитетот Харвард, главен автор на извештајот, се проценува дека ризикот од развојот на ракот се скромни.

Познати се и некои позитивни ефекти на повремена консумација на алкохол, што го отежнува утврдувањето на фактичката опасност по здравјето. Така еден пијалок дневно го намалува ризикот од дијабетес кај жените, вели Giovannucci. “Според тоа, целиот ефект врз здравјето на жените би можел да биде позитивен”, рече тој. “Кога станува збор за рак на дебелото црево, ризикот за мажите и жените е низок се додека не пијат повеќе од два пијалоци на ден”, додава тој.

Научниците велат дека треба да се земат во обзир и генетските разлики во метаболизирањето на алкохолот, бидејќи можат да го зголемат ризикот од рак.

Етанолот во алкохолните пијалаци се разградува во ацеталдехид, кој е токсичен за клетките и ја оштетува ДНК и протеините. Некои луѓе имаат генетски варијации кои помалку успешно се решаваат од ацеталдехидот и затоа ризикот од рак кај нив на хранопроводникот може да биде поголем.

Giovannucci заклучува дека тој нема да препорача пиење алкохол за подобрување на здравјето. “Но, ако пиете чаша или две на ден, како дел од вашата здрава исхрана, а при тоа не пушите, верувам дека ризикот од рак, е мал,” “На лицата кои во семејството боледувале од рак на дојка и рак на дебелото црево, јас би препорачал да не пијат воопшто или да не пијат повеќе од една чаша дневно”.

loading...