Научниците конечно објасниле како мачките нѝ го продолжуваат животот

8243

Верувањето дека мачките се себични, егоцентрични и само бараат мазење и внимание – не е точно. Истражувањата покажале дека меѓу нив и сопствениците постои посебен “лековит” однос.

Лицата на кои мачките им се домашни миленичиња, поретко доживуваат мозочен удар, бидејќи играта и споделувањето на нежност со нив го смирува организмот. Докажано е и дека децата кои од детството растат со нив, помалку се подложни на астма.

Покрај тоа, овие слатки животни покрај болниот сопственик можат да лежат со денови, чекајќи да оздрави. Меките, ритмичките вибрации кои ги емитуваат, додека предат, ја намалуваат болката и го забрзуваат оздравувањето. Тие се, исто така, многу забавни, и често ги насмејуваат сопствениците, го поправаат расположението и го ублажуваат стресот.

loading...

Подготвивме за вас непобитен доказ за тоа дека мачките, не само што изгледаат добро на фотографиите, сликите, туку придонесуваат и за нашето здравје.

Мачките лекуваат

kako nam mačke produžavaju život.

Предењето на мачките влијае на заздравувањето на раните. Иако научниците сè уште не откриле како точно настанува овој звук, сите знаеме: мачките предат. Тоа, на некој начин, има корисен ефект врз способноста на луѓето да се регенерираат.

Мачките предат во опсег на специјална терапевтска вибрација

kako nam mačke produžavaju život.

Мачката преде на фреквенција од 25 до 150 херци. Ова е токму таа фреквенција на која најдобро се регенерираат мускулите и коските на мачката. Но, овие бранови се, исто така, совршени и за луѓето.

Тие се наоѓаат во “терапевтскиот” опсег, од медицинска гледна точка, распон од 25-150 херци. На овој факт му е посветено неколку студии. Според тоа, со предењето на мачката можат да се излечат скршени коски, да се опорават оштетени мускули, па дури и да се ослободат од тешко дишење при одење.

Мачките ја намалуваат количината на стрес во вашиот живот

kako nam mačke produžavaju život.

Истражувањата покажуваат дека сопствениците на мачки, во просек, имаат помалку знаци на стрес. На второ место се сопствениците на кучиња. Најмногу подложни на стрес се луѓето без домашни миленици.

Мачките можат да ги намалат на срцевите удари за 40%

kako nam mačke produžavaju život.

Научниците од Универзитетот во Минесота откриле дека присуството на мачките во куќата корисни се за вашето срце. Во својата студија откиле дека луѓето кои немаат мачка, 40% почесто страдаат од срцеви напади. Зошто?

Еве еден цитат: “Најлогично објаснување е дека мачките се во состојба значително да го намалат стресот, анксиозноста и грижата, и затоа, го намалуваат ризикот од кардиоваскуларните болести.”

loading...