Научниците потврдиле дека бебињата се побистри отколку што досега се мислело

179

Разбираат сè што им зборуваат родителите веќе на оваа возраст.

Досега научниците верувале дека децата почнуваат да ги разбираат зборовите што нивните родители им ги упатуваат околу првата година од животот, но една нова студија покажала дека тоа се случува веќе на возраст од шест месеци.

За да ја тестираат вештината на разбирањето на зборовите кај група бебиња, научниците ги снимиле додека на компјутерските монитори им покажувале фотографии, изговарајќи ги при тоа имињата на прикажаните објекти.

Тие забележале дека децата меѓу шест и девет месеци со погледот барале автомобил, нога или јаболко на компјутерот, откако ги прашале: “Каде е автомобилот?”

Професорот Елика Бергелсон од Универзитетот Duke, раководител на новото истражување, кажа дека бебињата уште повеќе разбираат.

Тие им покажале некои слики на кои објектите биле поврзани, и некои на кои не биле поврзани.

На една од сликите биле прикажани рака и нога, а на другата нога и чаша со млеко.

Related image

Кога биле изговорени имињата на предметите, се покажало дека бебињата повеќе време поминале барајќи линк на фотографиите отколку на оние предмети на кои тие не биле поврзани.

Научниците објасниле дека децата со погледите дале до знаење дека “ногата и раката” се повеќе слични и поврзани предмети отколку “нозете и чашата со млеко” и дека зад симпатичното гугање лежи јасен и остар ум.

Бергелсон верува дека шестмесечното бебе го разбира речиси целосниот речник на кој му се обраќаат родителите.

Таа им кажала на родителите да разговараат со своите деца, затоа што бебињата ќе разберат сè што ќе им кажат, а во возрасниот период ќе имаат подобри јазични вештини.

“Тие нема да можат да одговорат вербално, но ќе разберат, а колку повеќе разбираат, ќе градат знаење за иднината”, истакна Бергелсон.

loading...