Научниците по проучувањата на пирамидите дошле до сензационално откритие! Фото/Видео

1747
Booking.com INT

“Ова досега било непознато, во внатрешноста може да собере помал авион”

Bitcoin Exchange CEX.IO

Јапонските и француските научници кои детално ги проучувале египетските пирамиди во последните две години, денес ги објавиле своите резултати, и сите ги шокирале. Експертите, во пирамидите во Гиза, откриле огромни шуплини кои досега никому не му биле познати.

Научниците не успеале да стигнат до тие големи простории во кои може да собере помал авион, и тоа затоа што е невозможно да се стигне до нив. Токму затоа во овој момент не можат да кажат дали во нив има некакви драгоцености.

Тие дошле до големо сознание благодарение на специјалната техника на мерење на густината во големите камени структури. За што тие празнини во Кепсовата и Кефреновата пирамида служеле, сè уште е непознато.

Кеопсовата пирамида е висока 140 метри и најголема е во Гиза, во предградието на Каиро. Има три големи внатрешни комори и серија пасажи, од кои најголема е Големата галерија, која е долга 47 метри и висока 8 метри. Новооткриената празнина се наоѓа веднаш над Галеријата и има слични пропорции.

– Не знаеме дали таа голема празнина е хоризонтална или наведната, не знаеме дали тоа е една или се неколку поврзани структури – објасни Mehdi Tayoubi од Парискиот институт.

– Во едно нешто сме сто проценти сигурни – огромната празнина постои и ужасно е импресивна! На ова дефинитивно не се надевавме…

Новото откритие ги возбудило сите љубители на пирамидите, но археолозите не сакаат да избрзаат со заклучоците. Познатиот американски археолог Mark Lehner не е сто проценти сигурен дали новото откритие има некоја вредност.

– Ова би можело да биде простор кој го оставиле градителите за да се спречи рушење на градбата така што го намалуваат притисокот на тешките камени блокови …

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...