Научниците предупредуваат: „Медитеранот ќе се загрева побрзо од остатокот на светот, пустините ќе стигнат на север, додека летата ќе станат неподносливи!

1741
Booking.com INT

Севиља и Лисабон се градови каде што има медитеранска клима со топли лета и пријатни зими. Но, ако продолжи сегашното темпо на глобалното затоплување до крајот на овој век, Севиља и Лисабон ќе се најдат среде пустина, тврдат климатолозите Joel Guiot и Wolfgang Cramer.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тие во новото издание на престижниот весник Science објавија студија во која истражиле дека зголемувањето на температурата над 1,5 Целзиусови степени до крајот на 21 век, што е идеална граница според Паришкиот климатски договор, ќе го променат медитеранскиот регион.

Guiot и Cramer анализирале четири различни климатски модели (во зависност од различни сценарија на емисиите на јаглерод диоксидот), од сценариото business as usual, односно ако емисиите продолжат како и досега, до задржувањето на температурата пониска од 1,5 степени Целзиусови. Во најлошото сценарио температурата до крајот на 21 век на глобално ниво може да се зголеми за пет степени целзиусови, што би довело до ширење на пустините на север долж јужната Шпанија и Сицилија. Во исто време, медитеранската вегетација ќе биде заменета со листопадни шуми.

– Средоземното Море е многу чувствително на климатските промени, можеби повеќе од другите делови на светот. Многу луѓе живеат во крајбрежните области, а многу од проблемите доаѓаат како резултат на миграција. Ако ги додадеме проблемите поврзани со климатските промени, во иднина ќе биде уште полошо – изјави за Гардијан д-р. Joel Guiot од Европскиот центар за геонаучни истражувања и едукација во Aix-en-Provance.

– Главната порака е навистина да го зачуваме зголемувањето на температурата на помалку од 1,5 степени Целзиусови – додаде Guiot.

Резултатите кои се објавени во Science, ги коментираше д-р Ивица Вилибиќ, климатолог од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит.

– Регионалните климатски модели за Медитеранот ја дефинираат областа како hot-spot за климатските промени. Поточно, на подрачјето на поголемиот дел од Медитеранот, освен во најсеверните краеви, региони, се предвидува зголемување на температурата поголема од глобалниот просек, со намалување на врнежите поради промена на патеката на циклонот кон половите, особено во лето и есен – рече Вилибиќ.

– Според тие сценарија, најголем проблем се очекува во летата, бидејќи повисоките температури резултираат со поголема загуба на влага на брегот, а ќе нема врнежи од дожд кои ќе ја компензираат загубената влага. А ако локално има повеќе врнежи, тие ќе бидат многу кратки и интензивни и ќе предизвикаат дополнителна ерозија на почвата и проблеми во копнените екосистеми – додаде Вилибиќ.

Тој ја коментираше и областа на Јадранското Море.

– Што се однесува до Јадранското Море, имаме делумно “среќа” што се вовлече длабоко кон север во однос на остатокот од Медитеранот, така што овие ефекти помалку ќе се чувствуваат во таа област, повеќе подрачјето на јужниот Јадран, а помалку во северниот Јадран. Уште една “среќа” е во тоа што крајбрежната област на Хрватска е богата со води кога се гледа целата година, па ќе може да се направи редистрибуција на водата од зимскиот кон летниот период – објасни Вилибиќ.

Тој истакна дека се планира да се градат ретенциска акумулација и реверзибилни хидроцентрали на Динара, со што со соодветна инфраструктура ќе се реши во иднина недостигот на вода во летните месеци.

– Се разбира, ова задржување, исто така, може да се користи за наводнување и други активности. Така што за оваа област постојат мерки кои можат да се преземат за решавање или ублажување на овој проблем, но за подрачјето на јужна Шпанија, мислам дека можностите за ублажување се многу помали и дека влијанието на климата ќе биде многу поголемо – заклучи Вилибиќ.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...