Научниците развиле нов тест на крвта со кој би можеле да идентификуваат осум видови на тумори | Видео

1440
Лекарите развија неинвазивен тест за крв за осум видови рак.

Намерата е да го вклучи тестот во секоја рутинска проверка на здравјето
Форбс пишува дека меѓународен тим на научници разви нов тест на крв кој проверува повеќе видови на рак, користејќи само примероци од крв.

Истражувањето беше објавено завчера во списанието “Science”, а беше спроведено од научници од John Hopkins School of Medicine во Балтимор.

Тестот, наречен CancerSEEK, го испитува присуството на осум различни видови на рак, вклучувајќи и рак на бели дробови, дојка и дебелото црево, кои заедно се виновни за 60 проценти од смртните случаи од рак во Америка

Со земање примероци од крв на повеќе од 1.000 луѓе кои имаат еден од осумте видови на овие карциноми, тестот убедливо ги препознал туморите во 70 проценти од случаите. Ракот на јајниците бил успешен во 98 проценти од случаите, но кај ракот на дојката само 33 проценти.

Научниците велат дека ако се направи напредок во раното откривање на ракот, тоа треба да го гледаме пореално. “Ниту еден тест нема да ги детектира сите видови на рак”, вели Bert Vogelstein, професор по онкологија на John Hopkins.

Тестот беше извршен и на 812 здрави луѓе за да научниците бидат сигурни дека ќе ги препознаваат само канцерогените клетки. Само седум лица биле погрешно препознаени како позитивни, но научниците велат дека не можат да бидат сигурни дали кај овие луѓе алармот е лажен или навистина се работи за ран стадиум кој сè уште не покажува симптоми.

Лажните резултати се поретки отколку кај вообичаените тестови

Стапката на лажни резултати е пониска отколку кај конвенционалните тестови на проверки за одредени карциноми, мамографијата има 10 проценти лажни резултати, како и на рак на дебелото црево. CancerSEEK пристапува кон тестирањето поинаку и разгледува мутации на 16 гени кои се поврзуваат со ракот на тоа ниво на осум протеински биомаркери.

Податоците од овие два параметра се комбинираат со алгоритмот за да се добие најточниот резултат на кој можеме да се потпреме. Тестовите за рана детекција на рак постојат веќе за некои видови рак, мамографија, рак на грлото на матката.

Единствениот тест на крв кој во широката употреба е контроверзен тест за рак на простата кој гледа само на еден протеински биомаркер, ПСА. Иако веќе 25 години, научниците немаат консензус за тоа колку е корисен и сосема сигурно има простор за подобрување на тестовите за проверка на крв со кои би се откривале карциномите.

Тестот може да идентификува и во кој орган се наоѓа туморот

Бидејќи за пет од осумте карциноми кои ги открива CancerSEEK-от, нема никакви методи за рано откривање. Дури и најпробивните скенери можат да ги детектираат туморите само тогаш кога ќе достигнат одредена големина. Биопсиите што моментално се достапни тестови не покажуваат каде може да се наоѓа туморот и со многу мутации пронајдени кај различни типови на тумори.

А со користење само на примерок од крв, овој нов тест, кај 63 отсто од пациентите може да специфицира орган во кој е канцерот, што на онколозите им дава витални насоки каде понатаму да снимаат, да го лоцираат туморот и да препишат ефективен третман. Кај 83 проценти од луѓето, тестот успеал да го намали местото на туморот на две анатомски локации.

Кај возрасните, многу видови на канцери растат многу бавно, потребни се 20 до 30 години за да нарастат до карцином кој покажува симптоми. А кога ќе се дијагностицираат, овие видови на канцер веќе се прошириле и тешко можат да се лекуваат.

Целта е да се вклучи тестот во секоја рутинска проверка на здравјето

Карциномите кои не се прошириле надвор од оригиналното ткиво можат често да се лекуваат само со хируршка интервенција, што ги спасува пациентите од потенцијални несакани дејства кои ги следат хемотерапијата или зрачењето. Joshua Cohen, водечки автор на студијата, вели: “Наша намера е пациентот да оди кај својот доктор за рутински прегледи и истовремено додека проверува холестерол, можат да се направат тестови на одредени видови карциноми”.

Пред тестот да биде комерцијално достапен, потребни се повеќе клинички проверки, а во тек е нова студија на десет илјади здрави луѓе. Додека научниците работат на подобрување на тестот, студијата треба да одговори на прашањата дали со овој тест ракот може да се открие порано отколку со конвенционалните методи.

Во моментов, скрининг на одредени видови на рак се препорачува само за лица со историја на болести во семејството, генетски предиспозиции или се постари лица. Поради достапната цена, CancerSEEK би можел да стане вообичаен, како и тестовите за холестерол.

loading...