Научници пронајдоа „лек“ против рак и тоа во човечкото тело

4740

Имунолошкиот систем на некои луѓе создава специјален „лек“ против рак кој ги штити од таа болест, открија научниците.

Тие со години се обидуваа да ја разберат разликата меѓу инванзивните типови на канцер, како и на оние кои бавно се прикрадуваат, но сега се знае дека манифестацијата на болеста зависи само од имунолошкиот систем на заболениот.

Американските научници пронајдоа антитела за кои сметаат дека се борат против ракот и ги претвориле во лек што ги напаѓа и ги убива канцерогените клетки.

loading...

Професорот Едвард Пак, кој ја водеше студијата, вели дека ова е прва терапија целост добиена од човековото тело.

– Ова би можело да претставува сосема нов начин на лекување на ракот и возбудливо е затоа што антителата селективно ги убиваат клетките на туморот, па немаме поголеми несакани последици. Ние веруваме дека можеме да ја промениме реакцијата на имунолошкиот систем и тоа така што или ќе го убива туморот или ќе го спречува неговото растење.

Професорот Пак од Дјук Универзитетот рече, дека веќе долго време работи во медицината и оти не го интересираат лекови кои на пациентот ќе му го продолжат животот за само два месеца.

Токму затоа тој сакаше да ги истражува случаите каде ракот е откриен случајно пред пациентот да открие какви било тегоби.

– Да не го посетеле лекарот, тие луѓе никогаш не би дознале дека имаат рак. На крајот би починале со рак, но не заради канцерот, рече тој.

Пак со колегите барал доказ дека овие луѓе имаат друг имунолошки систем во однос на останатите.

Откако пронашол потенцијален кандидат меѓу антителата, ги тестирале на човечки клетки во лаборатирија и врз глувци, а своите откритија ги објавени во списанието „Cell Reports“.

Во двата случаи антителата ги убивале клетикте на ракот. Канцерот и натаму ги убивал глувците, но само затоа што не добивале доволна доза.

Пак признава дека идејата оти некои луѓе сами „произведуват лек“ против ракот и понатаму е контроверзна, но се работи на тоа да се започнат клинички студии кои ќе ги решат сите сомнежи.

loading...