Научници пронајдоа луѓе со „суперхеројска“ ДНК

461

Некои луѓе се раѓаат со „суперхеројска ДНК“ која ги исклучува наследните болести, велат истражувачите.

Студијата која опфатила речиси 600.000 луѓе и меѓу нив пронашла 13 лица, кои според сите предвидувања би требало да добијат тешки наследни болести, но тоа не се случило.

Научниците се надеваат со проучувањето на нивната ДНК ќе дојдат до нови терапии за многу состојби.

Експертите велат дека пристапот на истражувањето, објавено во „Nature Biotechnology“ е „фасцинантен“, но оти се уште е рано за прогнози.

Грешките во ДНК можат да предизвикаат многу нарушувања и болести. Голем број студии трагале за објаснување на тие мутации испитувајќи ги луѓето кои се разболеле. Меѓутоа, меѓународниот тим истражувачи се обиде со поинаков пристап – тие бараа луѓе кои носат мутација, но и покрај тоа се здрави.

– Милиони години еволуција доведоа до многу заштитни механизми, отколку што ние успеавме да откриеме, рече др. Ерик Штат од Медицинскиот факултет Икан во Њујорк.

– Повеќе студии  на геномот се фокусираат на причината на болеста, но ние гледаме голем потенцијал во изнаоѓаеето одговор на прашањето што луѓето со мутација ги прави да бидат здрави.

Истражувачите собраа база на податоци на ДНК од 589.306 луѓе. Тие открија дека 13 лица кои би требало да развијат една од осум генетски болести: цистична фиброза, Смит-Лемлиев синдорм, семејна дисаутономија, епидермолоза булоза симплекс, Фајферов синдорм, синдром автономна олиендокринопатија, кампомелична дисплазија и ателостеогенеза.

Во извештајот стои дека овие болести толку многу се сериозни што „малку е веројатно да можат да поминат незабележително“.

Сепак, оваа приказна нема очекуван крај. Научниците не успеале да ги пронајдат овие „суперхерои“, заради тоа што на почетокот од истражувањето потпишаа договор за анонимност.

Тоа значи, дека можеби никогаш нема да се дознае што конкретно овие испитаници ги заштитува од болести, и дали имало грешки при тестирањето.

loading...