Научно докажани факти за кои речиси сигурно не знаете за оргазмот

8813
Booking.com INT

Експертите постојано истражуваат за она што се случува со телото за време оргазмот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Човековата сексуалност отсекогаш била интригантна. И додека сѐ уште има многу луѓе кои за сексот и оргазмот не сакаат јавно да зборуваат, оваа тема повеќе од било кога е во интерес на научниците кои постојано ги истражуваат најскриените сексуални тајни.

Објавуваме сѐ што треба да знаете за оргазмот и што научниците велат за него, а листата е составена од BuzzFeed.

Така научно е потврдено дека женскиот оргазам трае во просек помеѓу 10 и 15 секунди, додека машкиот трае шест. Жените, освен продолжен оргазам имаат способност да го доживеат неколку пати за краток временски период.

Во истражувањето научниците го проучувале времето и колку често е доживеан оргазмот и откриле дека 42 отсто од жените доживуваат вагинален оргазам пред партнерот да ејакулира. Околу 28 проценти имаат оргазам во исто време со партнерот, а 33 отсто од жените бараат стимулација и по ејакулацијата на партнерот.

1. Случајни оргазми постојат

org1

Некои луѓе доживуваат оргазам за време на вежбање, медитација, па дури и во моменти кога се само јако возбудени, а да не се однесува на сексуална возбуда.

2. Можни се и во тек на спиењето

post-22716-Snow-White-sleeping-gif-nCac

Дечките се во поголема веројатност да се сретнат со него, особено за време на пубертетот и адолесценцијата, но во оваа приказна не се исклучени ниту жените.

3. Некои жени со него се соочуваат во текот на породувањето

tumblr_m7qv3yH4BX1qc4fkmo7_r1_250_zps62108747

Иако на многимина им се чини невозможно, научниците и истражувањата тврдат поинаку.

4. Чудни изрази на лицето

anigif_optimized-28070-1426275099-12

До нешто необични изрази на лицето и грчење на прстите на ногата доаѓа за време на зголемена активност во малиот мозок, кој е одговорен за мускулните грчеви за време на сексот.

5. Повеќе оргазми, помал ризик од рак на простатата

tumblr_m0c935LA9Z1qh6uobo1_5001

Една студија покажа дека мажите кои ејакулираат 21 или повеќе пати во еден месец, имаат помал ризик од рак на простатата, отколку оние со седум или помалку пати.

6. Користетење на лубрикант

lub

Повеќе од две третини од мажите и жените користат лубрикант за време на сексот, покажува студијата од Универзитетот во Индијана од Центарот за сексуална промоција на здравјето. Околу половина од испитаниците изјавиле дека тоа им помогнало во постигнување на оргазам.

7. Нормално е да не се случи секој пат

200_s

Истражувањето покажало дека само 25 отсто од жените имаат способност да доживеат оргазам за време на секој сексуален однос, додека мажите тука се во предност дури 85 отсто од нив секогаш имаат оргазам. Затоа, не паѓајте во очај ако не е сè како што сте планирале.

8. Мозокот збеснува

orgggg

Научниците нагласуваат дека оргазмот влијае на колку 30 различни делови на мозокот, вклучувајќи ги и оние што се одговорни за чувства, уживање, задоволство и паметење. Две минути пред оргазмот се поттикнува мозочна активност во области кои се инаку одговорни за јадење и пиење.

За време на оргазмот, зголемена е активноста и на другите делови на мозокот, а оној момент кога ќе почне, се активираат и останатите области од мозокот одговорни за емоции и чувства. Последен дел од мозокот кој се активира е хипоталамусот, кој е одговорен за регулирање на температурата, гладта, жедта и заморот.

9. Лезбејките се во предност во однос на другите жени

org13

Научниците тврдат дека лезбејките во просек доживуваат оргазам 74 проценти повеќе од жените со партнер од спротивниот пол (околу 61 проценти).

10. Клиторичен оргазам не секогаш е решение

tumblr_mjm9y5BDYQ1qb9pa3o1_500

Повеќето жени доживуваат клиторичен оргазам за време на мастурбација отколку за време на сексуален однос со партнер, 72 во споредба со 54 отсто. Врз основа на овој резултат истражувачите откриле дека можноста да се постигне оргазам истовремено е зголемен кај оние жени чии партнери се многу привлечни и мажевни.

11. И мажите и жените глумат

org15

Околу 70 отсто од жените и 30 проценти од мажите глумат оргазам во текот на својот живот.

12. Различни позиции водат кон успех

orgb

Комбинирање на различни позиции може да биде добар начин да се доживее оргазам и за мажите и за жените.

13. Многу работи можат да тргнат наопаку

org18

Било каков стрес, депресија, притисок, може да ја влоши ситуацијата. Да не заборавиме дека алкохолот и дрогата, исто така можат да бидат отежнувачка околност.

14. Некои луѓе никогаш не доживуваат оргазам

Dr.-Who

Аноргазмија е неспособноста на жената да доживее оргазам. Со намалена желба за секс, тоа е најчест сексуален проблем кај жените.

Споделете со вашите пријатели!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...