Национален Парк Галичица воведува ограничено движење во шумите и шумските појаси

397

Како превентивна мерка за заштита од пожари Национален Парк Галичица воведе ограничено движење на сите лица во шумите и шумските појаси, освен за лицата со дозвола од дирекцијата на паркот.

Исто така е воведена и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во во границите на паркот. Ограничувањето за движење во шумите и шумските појаси е за периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне, а ќе трае до 15 август годинава.

Од Паркот информираат дека од 17 часот попладне до 7 часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др).

loading...

Ова ограничување не важи за организирана тура туристи за туристичко разгледување на Националниот Парк, со дозвола.
За непочитување на одредбите од забраната за периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне ќе се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

За непочитување на одредбите за палење на стрништа и плевели се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност.

Галичица3-001Дозволите за движење во паркот ќе се издаваат во дирекцијата на паркот секој работен ден од 8 и 30 до 12 часот. Заинтересираните се обврзани со себе да носат лична карта и да соопштат релација на движење како би се регистрирало нивнито присуство во паркот со време и место.

Туристичките агенции кои организирано носат туристи во паркот заради одмор и рекреација обврзани се да достават: Име на Туристичката агенција, име и презиме на водичот на групата( кој е одговорен за ненанесување штета – палење оган и др) , список на туристите( кој ќе биде во прилог на дозволата) и релација на движење.

За сите други имформации заинтересираните можат да се обратат во дирекцијата на Паркот или на galicica@galicica.org.mk.

ЈУНП Галичица – Охрид
06.07 2016 Година

loading...